Контакт

Култура

МНТ – Година на праизведби, гостувања, награди и признанија

Објавено пред

Зад нас останува уште една сосема успешна година, исполнета со висококвалификувана продукција од домашни и странски автори, современа драматургија, интимен театар, работилници, разговори и дискусии од процес до реализација на една претстава, отворена сцена – ПАНФИЗ, фестивали, гостувања, издавање монографија, начин на изразување на нови и стари уметнички форми препознаени од пошироката театарска маса, а сето тоа реализирано во рамките и можностите на протоколарните мерки пропишани согласно со условите за работа.

dobivaj vesti na viber

На матичната сцена се реализираа 4 (четири) премиерни изведби, 2 (две) продукции на МНТ и 2 (две) копродукциски претстави. Непосредно по премиерните изведби следуваа повеќе патувања на различни претстави и фестивалски претставувања/гостувања на македонската сцена и надвор од границите, како и гостувања на домашни и странски продукции на нашата сцена. Патем како круна на успешните продукции се случија повеќе наградувања за претстави, специјални награди за режии, награди за најдобар/-а актер/актерка, награди за монодрами, лауреат за најдобро актерско остварување, награди за животно дело итн.

„Само глас“ е првата праизведба/премиера која се оствари во мај, при што во изминатиот период достигна и голем успех како во нашата земја така и надвор од границите.

Во септември со истата претстава гостувавме на 29. ФКТ „Ристо Шишков“, а првенката Звездана Ангеловска е единствен актер во историјата што по втор пат ја добива наградата лауреат за најдобро актерско остварување. Покрај актерката Ангеловска, во претставата со снимен глас игра и првенецот на МНТ, Никола Ристановски, како и гостинот од НОБ, балетанот Мирослав Митрашиновиќ, со својот безрезервен талент и во потполн сјај ја претставија нашата земја на 16. меѓународен фестивал „Јоакимфест“, Р Србија каде што претставата ја доби и Специјалната награда на градот Крагуевац за извонреден музички концепт. Она што жирито на овој фестивал го воодушеви е „музиката која е разиграна, продолжена рака на длабокиот глас на отуѓеноста. Комисијата истакна дека ова е ретко дело во кое музиката е потполн партнер и на актерот и на текстот и на режијата и на сценографијата и на филмот. Доминантен партнер“. Претставата е во режија на Марјан Неќак и младата и неизмерно талентирана авторка Нина Плавањац.

Непосредно потоа следеа и наградите од 55. МТФ „Војдан Чернодрински“, награда за животно дело за доајенот на Македонскиот народен театар Емил Рубен, а актерот Јордан Симонов е добитник на наградата за главна машка улога за улогата Филип во претставата „Мој термин“.
За монодрамите и дуодрамите се отвори и изложбата „Монодрамите и дуодрамите на МНТ“ која за публиката беше од отворен, но и виртуелен тип, исто така значително важно за формата на која изминатата година се стави акцент, а по идеја и реализиција на Ивана Јарчевска и Мила Анѓелковиќ беа прикажани 20-тина монодрами и дуодрами кои се центар на истоимената изложба поставена во фоајето на театарот.

Гостувањата и наградите се нижеа, присуството и силата на актерот, сите негови умеења и вештини, посветеност и сигурност се неизоставен дел и носечки елемент на она што ја прави монодрамата, а првенецот на МНТ, Ѓорѓи Јолевски, за монодрамата „Последната лента на Крап“, која е во негова изведба и режија, на 22. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола доби гран при за најдобра претстава и најдобра режија.
„Нема да биде крај на светот“ од младиот автор Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ беше проект со којшто започна изминатата сезона, иако праизведбата/премиерата прво беше одиграна на сцената на Сараевски ратни театар — САРТР од Сараево, БиХ, а потоа и на нашата матична сцена, бидејќи станува збор за копродукциски проект меѓу два театри.

Оваа драма не ја остави рамнодушна ниту жири-комисијата на театарскиот фестивал „Живи фест“ во БиХ, каде што ѝ беа доделени 4 (четири) едногласни награди: специјалната награда за режија за Нина Николиќ, наградата за најдобра актерка за Дарја Ризова, наградата за најдобар актер за Саша Ханџиќ и специјалната награда за актерска игра ја освои Џана Џаниќ.

По премиерната изведба во БиХ на „Нема да биде крај на светот“ следеше претставата според вистински приказни „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, а во продукција на МНТ и Wonderland Theatre. Непосредно по успешната премиерна изведба на младата и талентирана актерска екипа, претставата отпатува на балканско-европска турнеја (Р Србија, Р Полска, БиХ како и двете гостувања во Битола и во Штип) и за краток период оваа современа драматургија ја освои театарската публика на домашната и на странската сцена, а турнејата покажа колку актуелна и универзална претстава сме направиле и колку е потребна размена на театарски искуства со други земји. Тоа го докажа и приемот на публиката кон претставата, со што дополнително се потврди дека комуницира и со публика која не го зборува нашиот јазик.

Последната претстава за изминатата година е „Торонто експрес“ од домашниот автор Зоран Спасов – Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на Александар Микиќ. Станува збор за урнебесна комедија која во исто време расплакува од смеа, но и од тага, претстава за која билетите се продаваат во рекордно време.

Од домашните гостувања ги издвојуваме гостувањето на МНТ со претставата „Отело“ на 18. Интернационален фестивал на античка драма во Стоби на сцената во „Ј.Х.К.-Џинот – Велес и Скопско лето.

Модерната музичка драма „Само глас“ исто така гостуваше на 42. Скопско лето, како и на 61. Интернационален фестивал Охридско лето каде што Македонскиот народен театар ја подари и бистата од Ана Липша-Тофовиќ датирана во 1970 година, со наслов „Орфеј на Ана“.
Претставата „Кец на десетка“ гостуваше во рамките на манифестацијата „Струмица —Град на културата“ за 2021 година во Домот на културата „Антон Панов“— Струмица.

„Мој термин“ е претставата со која МНТ го отвори 55. МТФ „Војдан Чернодрински“.

Од гостувања во МНТ се издвојуваат:

„Поделби“, од авторот Добрица Ќосиќ, по драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ. Гостувањето беше копродукциски проект меѓу Српско народно позориште, Нови Сад, Народно позориште, Ниш и Народно позориште, Приштина – со седиште во Грачаница.

Исто така гостуваа театарските куќи од државата меѓу кои: Театарот „Ј. Х. К. -Џинот“, Велес со танцовиот перформанс „Петтото годишно време“ и НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово со претставата „Драма изгубена во времето“.

Годината се заврши со монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии“, забележано под објективот на фотографот Кире Галевски и Македонскиот народен театар како издавач. Промоцијата на монографијата ќе биде во текот на оваа година.

(ПР-текст)

Култура

Новогодишен концерт на Зарина Првасевда, „Кадифено“, во Македонската филхармонија

Објавено пред

Од

На 20 декември со почеток во 19 и 30 часот во Македонската филхармонија концерт ќе одржи македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда.

dobivaj vesti na viber

На денешната прес-конференција беа споделени детали за концертот „Кадифено“, кој претставува уникатно музичко патување што ги спојува традицијата, современиот звук и светската музичка виртуозност.

Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.

„Овој концерт за мене е многу личен процес и еден вид враќање кон корените, но и нивно преосмислување. Материјалот што ќе го изведам произлегува од македонската и ориенталната музичка традиција, но е создаван низ слобода, импровизација и современ звучен јазик. Сакав публиката да го почувствува овој концерт како интимен простор – како заедничко доживување во кое музиката не е само изведба, туку разговор, емоција и трансцедентност“, изјави Евгенија Здравевска, позната под својот уметнички псевдоним Зарина Првасевда.

Гостите од Турција, Џенк Еродоган, светски познатиот виртуоз на фретлес гитара и Греми награден уметник како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, беа оправдано отсутни поради доцнење на нивниот лет за Скопје од повеќе од два часа, предизвикано од густата магла над Скопје, изјавија организаторите.

Џенк Ердоган е Греми награден композитор и еден од највлијателните фретлес-гитаристи во светот. Како дипломец со First Class Honours и предавач на Berklee College of Music, тој е врвно интернационално име. Добитник е на Yeşilçam награда за Најдобар саундтрак, настапувал со светски музичари како светски познатиот индиски перкусионист Трилок Гурту и американскиот џез фјужн тапанар Дејв Врекл како и турнеи низ Европа и САД.

Ахмет Алан е турски перкусионист кој свири традиционални инструменти како бендир. Гордо го комбинира богатството на турската фолклорна музика со современи ритми, давајќи му свеж, жив звук на традиционалниот перкутерски израз. Неговите настапи често се мешавина од енергија, игра и ритам — што ги прави привлечни и за публиката што ја обожава класичната етно-музика, и за оние кои бараат модерни звучни искуства. Со тоа, Алан е мост помеѓу минатото и сегашноста во светот на турската перкусиона музика.

„Кадифено“ е концерт кој ќе понуди искрена емоција, длабока музичка нарација и редок спој на домашна и меѓународна уметничка енергија – вистинско предновогодишно културно доживување.

Билетите за концертот се достапни на веб страната другастрана.мк.

фото/Кристијан Арсовски

Прикажи повеќе...

Култура

Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија

Објавено пред

Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.

dobivaj vesti na viber

Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.

Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.

При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:

„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“

Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.

Прикажи повеќе...

Култура

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“

Објавено пред

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.

dobivaj vesti na viber

На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).

Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија58 минути

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 час

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија3 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ21 час

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија23 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија23 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија24 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија1 ден

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија1 ден

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија1 ден

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија1 ден

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет2 дена

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...