Македонија
Антовски: Владата да најде механизам за затоплување на Скопје, граѓаните не смеат да бидат жртви на долгови

Среде зима и среде енергетска криза владата мора да изнајде механизам и да им помогне на компаниите за топлинска енергија да испорачаат греење на домаќинската и институциите, истакна на прес-конференција Стевче Антовски – член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата за тоа има можност со самото тоа што веќе таков чекор презеде во секторот за снабдување со електрична енергија, од буџетот ќе се испумпаат 200 милиони евра за ЕЛЕМ. Трите компании БЕГ, Топланата Скопје Север и ЕСМ енергетика, во интерес на граѓаните не смеат да бидат жртви на несовесно работење и долгови. Во 21 век под изговор на т.н. ‘оптимизиран’ режим, скопјани не ја добиваат потребната топлинска енергија. И покрај покачената цена од 14%, Скопје останува со ладни грејни тела. Зошто РКЕ молчи за овој проблем? Дали навистина компаниите испорачуваат топлинска енергија според Правилата за снабдување и Мрежните правила за дистрибуција на топлина? Според овие акти, во период од 6 до 22 часот во секој дом треба да се постигнува температура од 20 +1 степени Целзиусови. Зошто Владата одбира да помогне само на ЕСМ, а не на сите оние кои имаат проблеми со зголемување на цените на сите енергенси, вклучувајќи го и БЕГ и Топлификација Скопје-Север?“, праша Антовски.
Според него, срамно е што државата дозволува граѓани корисници на греење од Топлана Север, да бидат жртви на долг од институција како Општина Чаир, и да ги остави без греење среде зима.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.