Спорт
Мароко ја казни очајната одбрана на Гана

Првото дерби на Африканскиот куп на нациите (АФЦОН) во Камерун, мечот помеѓу Мароко и Гана, заврши со минимален триумф на Мароканците откако тие ја казнија неверојатната грешка во одбраната на својот противник.
Поранешниот фудбалер на Саутемптон, а сега фудбалер на францускиот прволигаш Анжер, во 80. минута ја доби топката во шестнаесетникот на Гана по навистина смешна реакција на одбраната на ривалите за да донесе победа за тимот предводен од Вахид Халилхоџиќ. Мароко и Гана се во тешката група Ц, каде што се и Габон, како и дебитантите на турнирот, Коморските Острови (Комори).
Во вториот меч од групата Б, Гвинеја со голот на Исијага Сила стигна до 1:0 победа над Малави за да се израмни со Сенегал на првото место на табелата.
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА Б
Гвинеја – Малави 1:0
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-44546-38181”));
ГРУПА Ц
Мароко – Гана 1:0
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-44547-38181”));
?Painful defending from #TeamGhana leads to a painful outcome as #TeamMorocco snatch the lead in the last ten minutes! Sofiane Boufal sets Moroccan hearts alight! pic.twitter.com/BUkNmBiTw8
— af•recon #AFCON2021 ? (@af_recon) January 10, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кунде го продолжи договорот со Барселона

Францускиот дефанзивец Жил Кунде (26) го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2030 година, објави каталонскиот клуб.
Финансиските детали не се откриени, а во соопштението за медиумите се наведува дека покрај Кунде, на церемонијата за продолжување на договорот присуствувале и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте, спортскиот директор Деко, координаторот Бојан Кркиќ…
Кунде беше еден од најважните играчи во тимот на Ханси Флик минатата сезона, бидејќи имаше 53 настапи во сите натпреварувања, постигна и четири гола со осум асистенции.
Французинот е член на Барселона од 2022 година, а пред тоа играше за Севилја и Бордо. Одигра 142 натпревари за каталонскиот клуб и постигна седум гола.
Одигра 42 натпревари за француската репрезентација.
Foto/ EPA
Спорт
Димитревски пред преселба во Леванте

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија ќе остане во Валенсија но ќе го смени клубот. Столе ќе го облече дресот на Леванте, клуб сезонава се врати во Примера.
Столе Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, требаше да биде прв голман, бидејќи Георги Мамардашвили оствари трансфер во Ливерпул. Сепак клубовите договорија грузискиот голман да остане на позајмица една сезона, поради што Димитриевски бранеше само на неколку натпревари.
Сега кога Мамардашвили замина, Валенсија на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао.
По овој потег што го повелекова „лилјаците“ беше јасно дека Димитриевски ќе замине од „Местаља“.
Договорот меѓу голманот и Леванте треба да биде официјализиран во наредните денови.
Foto/ „X“
Спорт
Интер мора да донесе уште двајца играчи

Вице-првакот на Италија е Европа, Интер има намера да засили две позиции до крајот на преодниот рок. На „Џузепе Меаца“ преба да пристигнат играч од средниот ред и стопер, а клубот за оваа намена има буџет од 80 милиони евра, објавија италијанските медиуми.
Кога станува збор за средниот ред, „нераѕурите“ имаа намера да го доведат францускиот фудбалер Ману Коне (24), но Рома не сакаше да отстапи од износот на отштета. Рома инсистираше на сума од 50 милиони евра, па Интер на крајот се откажа од Коне.
Сега, според италијанските медиуми, тие го насочија вниманието кон играчот од средниот ред на Рен, Џауи Сисе (21), чиј договор со францускиот клуб е важечки до јуни 2029 година.
Што се однесува до позицијата стопер, во потесниот список останаа уште двајца играчи, Умар Солет (25) од Удинезе и Лоик Баде (25) од Севилја. Интер донесе четири играчи ова лето, а полскиот играч од средниот ред Никола Залевски беше продаден на Аталанта.
Најмногу го чинеа играчот од средниот ред на Марсеј, Луис Енрике, и централниот напаѓач на Парма, Анж-Јоан Бони. За овие трансфери клубот издвои по 23 милиони евра, а потоа следува хрватскиот репрезентативец и до неодамна играч на Динамо, Петар Сучиќ. На Динамо му е исплатена отштета од 14 милиони евра.
Фото/ Принтскрин