Црна хроника
39-годишен скопјанец почина во сообраќајна несреќа меѓу автобус на ЈСП и патничко возило

Едно лице загинало, а петмина се повредени во сообраќајната несреќа меѓу автобус на ЈСП Скопје и патничко возило, соопшти полицијата.
Имено, синоќа во 17:35 часот било пријавено дека во Скопје, на ул. Методија Андонов Ченто, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од С.С.(60) од Скопје, и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(39) од Скопје.
На местото на несреќата починал С.О., а возачот на автобусот и уште пет патници се здобиле со телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.