Спорт
Селекторот Лазаров повика двајца нови голмани – Ракометарите тргнаа кон Дебрецин
Позитивните тестови во таборот на македонската ракометна репрезентација го скроија списокот на селекторот Кирил Лазаров за Европскоот првенство во Словачка и Унгарија.
Непланирано, селекторот мораше да прави измени на голманската позиција. Поради позитивните тестови на Никола Митревски и Марко Кизиќ, на ЕП покрај Мартин Томовски, голмани ќе бидат Градимир Чаневски и Благојче Трајковски.
Македонија, на ЕП ќе се натпреварува во А-групата, против Словенија, Данска и Црна Гора.
Првиот натпревар, Македонија ќе го одигра на 13.јануари, од 18 часот, против Словенија, Два дена подоцна противник на Македонија ќе и биде Црна Гора, а на 17.јануари е дуелот со Данска.
Пласман во наредната група ќе изборат првиот и вториот тим во групата.
Списокот на селекторот Кирил Лазаров:
Голмани : Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила : Никола Костески, Гоце Георгиевски.
Фото/macedoniahandball.com.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Чудесна четвртина на Дончиќ, Лејкерси ги декласираа Клиперси
Лука Дончиќ одигра чудесна прва четвртина, го заврши натпреварот како најдобар стрелец и асистент, а Лос Анџелес Лејкерс ги победија Лос Анџелес Клиперс со 135:118. Натпреварот се играше во рамките на НБА Купот, во кој двата тима имаа резултат од 2:0 до овој натпревар.
За потсетување, НБА Купот се игра како дел од сезоната, а неговите натпревари, сите освен финалето, се сметаат во односот на тимовите, на табелата во регуларниот дел од сезоната.
Натпреварувањето се игра прво во групи, шест групи од по пет тима, од кои победниците влегуваат во четвртфиналето. Вклучува и еден од најдобрите второпласирани тимови од групната фаза од секоја конференција.
Клиперс го пречекаа градскиот дуел со негативна серија од десет порази во последните 12 натпревари, а Лејкерс влегоа во пресметката со серија од четири последователни победи и осум победи во последните десет натпревари.
Лејкерс славеа предводени од суперѕвездата, Лука Дончиќ. Словенецот имаше одлична прва четвртина во која ги погоди своите први пет обиди за тројка. Четвртината ја заврши со постигнати 24 поени. На полувремето постигна 32 поени, а во втората половина малку запре. Средбата ја заврши со учинок од 43 коша, девет скока и 13 асистенции.
Леброн Џејмс исто така беше добар за Лејкерси, постигна 25 поени, имаше шест скока и шест асистенции. Остин Ривс додаде 31 поен и имаше девет асистенции.
За Клиперси, Џејмс Харден беше најдобар со 29 поени и девет асистенции за соиграчите, додека Кавај Ленард и Крис Дан додадоа по 19 поени. Ивица Зубац го заврши натпреварот со дабл-дабл, со по 10 поени и скокови.
НБА, резултати:
Вашингтон – Атланта 132:113
/Меколум 46 – Порзингис 22/
Филаделфија – Орландо 103:144
/Мекси 20 – Блек 31/
Спорт
Голманот на Челзи: Каде е Јамал? Ене го во џебот на Кукуреља
Челзи ја победи Барселона со 3:0 на домашен терен во петтото коло од Лигата на шампионите. Автоголот на Жил Кунде во 27-та минута, односно Естевао во 55-та и Лиам Делап во 73-та минута го решија победникот во натпреварот, во кој Барселона од 44-та минута играше без исклучениот капитен Роналд Араухо.
Покрај стрелците на головите (Естевао и Делап), брилијантните Каиседо и Енцо Фернандез во редот за врска, херој на победата на Челзи, беше левиот бек Марк Кукуреља.
Шпанецот совршено го бранеше колегата од репрезентацијата, Ламин Јамал, десното крило на Барселона.
„Каде е Јамал? Кукуреља го стави во џеб“, рече по мечот голманот на Челзи, Роберт Санчез и испрати уште една порака до младата ѕвезда на Барселона: „Сите се одлични додека не дојдат во Англија“.
Кога го прашаа дали Барселона била фаворит, тој одговори со насмевка: „Барселона фаворит? Ние сме фаворити“, заклучи Санчез, кој му аплаудираше на Кукуреља кога му беше врачена наградата за играч на натпреварот.
Кукуреља објасни како го запрел Јамал: „Се обидов да му ја направам играта што е можно потешка. Се обидов да го насочам кон средината, каде што е Каиседо. Не можев да го оставам сам на десната страна. Тоа е неговата послаба нога, но никогаш не можеш да бидеш сигурен со играчи како него“.
Foto/ EPA
Спорт
Сантос без Нејмар до крајот на сезоната
Фудбалскиот клуб Сантос, без Нејмар, ќе мора да ги води клучните битки за опстанок во елитната бразилска конкуренција.
Нејмар, во понеделникот го пропушти натпреварот против Интернационал. Во клубот беа сигурни дека станува збор за лесна повреда, но деталните медицински прегледи откриле проблем со менискусот, што значи дека сезоната за него заврши.
Нејмар ќе ги пропушти преостанатите три натпревари, а последното се игра на 7 декември.
Славниот Бразилец одигра три натпревари по ред, но по средбата со Мирасол почувствува болка. Токму затоа тој направи превентивна пауза за да биде подготвен за домашниот натпревар оваа недела против Спорт.
„Она што изгледаше како безопасна ситуација се претвори во сериозен проблем, пишува „Ас“.
Ова е четвртата повреда на Нејмар во 2025 година. Претходните три се случија во март, април и септември, и токму овие проблеми го спречија да добие континуитет во играта и да се врати во бразилската репрезентација.
Сантос, моментално се во зоната за испаѓање, еден бод зад безбедната зона. Секој исход освен победа над Спорт Ресиве би бил рамен на катастрофа. Потоа, Сантос гостува кај Хувентуде, а сезоната ја завршува дома против Крузеиро.
Foto/ EPA

