Спорт
Монтоја се врати во Мекларен, ќе оди по победа на Инди 500

Поранешниот Ф1-возач, колумбискиот ветеран Хуан Пабло Монтоја, ќе се врати во тимот на Ероу Мекларен во обид да стигне до хет-трик на славната Индијанаполис 500 трка, потврди тимот.
Монтоја, кој победи на Инди 500 во 2000 и во 2015 година, минатата година стигна до деветтото место со болидот на Мекларен.
„Хуан Пабло е вистинска институција во мотоспортот, со две победи на Индијанаполис 500 и со многу победи за Мекларен во Формула 1. Со неговото искуство можеме да стигнеме до победа“, изјави шефот на Мекларен, Зек Браун.
46-годишниот Монтоја во својата долга кариера победувал во трки во Ф1, Индикар и НАСКАР, и е на само една победа од тројната круна во мотоспортот – победи на Монако ГП-трката во Ф1, Индијанаполис 500 и „24 часа Ле Ман“. Тој победи во Монако во 2003 година, а во трките на издржливост има три победи на „24 часа Дејтона“, но не и во Ле Ман.
Индијанаполис 500 трката се одржува на 29 мај.
Arrow McLaren SP, @MissionFoodsUS and @jpmontoya will team up for a second consecutive year at the Grand Prix of Indianapolis and the 106th Running of the Indianapolis 500.
— Arrow McLaren SP (@ArrowMcLarenSP) January 11, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Новак е најголемиот спортист во историјата“

Трикратниот вицешампион на Гренд слем турнирите, Каспер Руд е убеден дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот… не тенисер, туку и спортист на сите времиња.
Руд и Ѓоковиќ се сретнаа во финалето на Ролан Гарос, кога Новак победи во три сета, а вкупниот резултат меѓу нив е 5-1.
„Новак е најголемиот спортист во историјата. Не сакам да споредувам спортови, бидејќи е глупаво, но ако го споредите Новак со Том Брејди, на пример… Брејди е Г.О.А.Т, да не ме разберете погрешно, но атлетски, Новак би го скршил на повеќето физички тестови…“ вели Руд, сега 12-ти на АТП листата, и додава:
„Добро, Леброн можеби ќе го „растури“ Новак во некои физички аспекти, но за мене, Новак е најголемиот спортист што некогаш живеел.“
Ѓоковиќ и Руд наскоро ќе се сретнат во Њујорк, каде што ќе се игра последниот Гренд слем во сезоната од 24 август.
Ждрепката е закажана за четврток.
Спорт
Шефот на Мекларен: Ферстапен е во право

Андреа Стела, шефот на Мекларен во Ф1, рече дека Макс Ферстапен бил во право кога зборувал за „папаја“ тимот.
Оваа сезона, како што сите очекуваа, Мекларен е најдоминантниот тим со 11 победи во 14 одржани трки и тие имаат значителна предност и во битката за титулата кај возачите и конструкторите.
Со десет трки што остануваат до крајот на сезоната, Мекларен се чини дека има сè во свои раце за двојна круна, а Ферстапен неодамна тврдеше дека „папаја тимот“ има голема предност во кривините.
„Тоа е едноставно лесен одговор кога ќе ги погледнете податоците. Само споредете ги брзините на кривините (бавни и средни брзини) и ќе видите колку е брз Мекларен. Значи, Макс Ферстапен е во право“, рече Андреа Стела.
И покрај нивната доминантна позиција, шефот на Мекларен вели дека до успехот нема да дојдат по пократок пат.
„Сè уште имаме слаби точки. Да ги погледнеме кривините каде што влегувате со голема брзина, како Копс во Силверстоун или Пуон во Спа. Не сме најбрзи. Сепак, ги знаеме кривините каде што се освојуваат титули и таму сме најбрзи“, рече Стела.
Спорт
Манчестер јунајтед го отпиша Хојлунд

Манчестер јунајтед го отпиша Расмус Хојлунд (22), данскиот напаѓач кого го донесе од Аталанта пред две години за речиси 80 милиони евра.
Данецот не беше во составот за вчерашниот натпревар против Арсенал во Премиер лигата. На овој начин менаџерот Рубен Аморим и клубот му испратија јасна порака дека за него нема место на „Олд Трафорд“.
Јунајтед е отворен и за перманентен трансфер и за позајмица, а Хојлунд ќе ги разгледа достапните опции, известува Лори Витвел. На 95 настапи, тој постигна 26 гола за Јунајтед.
Најголем интерес за Хојлунд покажува Милан, а според некои медиуми не се исклучува можноста тој да се врати во Аталанта.