Свет
(Видео) Голем пожар во близина на Чиле, огнената стихија срамни околу 100 куќи

Неконтролиран пожар што избувна во бегалскиот камп Лагуна Верде уништи околу 100 куќи, а најмалку 300 луѓе од оваа населба останаа без покрив над главата, јавуваат тамошните медиуми.
Пожарот зафатил сиромашна населба во градот Икике, на северот на Чиле.
ALERT ? At least 15 people were injured after a fire burned more than 40 homes in a settlement in the Laguna Verde sector of Iquique, Chile. pic.twitter.com/DvSsvM5vM1
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) January 10, 2022
Засега нема информации дали има повредени.
Una tragedia lo están viviendo las familias afectadas por el incendio en Iquique. Los campamentos se han vuelto una trampa mortal y es urgente que se regularice la situación de las personas que necesitan una solución habitacional. ¡Fuerza #Iquique y #bomberosdeChile! pic.twitter.com/2GPtriUNtl
— Rojo Edwards Senador RM (@RojoEdwards) January 10, 2022
Голем проблем настанал за време на гаснењето кога пожарникарите се соочиле со големи потешкотии во снабдувањето со вода на своите камиони. Ова го потврди Националната канцеларија за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Тарапак.
За ширење на пожарот придонело и тоа што целата населба нема вода и е изградена диво, без никаков план, целосно надвор од дофатот на инфраструктурата, пишуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин