Македонија
(Видео) Стоилковски: Нема струја и нема парно, а Владата купува златни чинии, златни лажици и виљушки
Македонија нема струја, Македонија нема гас, Македонија нема јаглен, Владата купува златни чинии, златни лажици и виљушки, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Скопје нема парно, Тетово нема вода, Владата купува златни чинии, лажици и виљушки. 60.000 нови невработени, стотици затворени компании, девастирана економија, а Владата купува златни чинии, лажици и виљушки. Странски инвестиции нема, капитални инвестиции нема, за тутунарите пари нема, за овоштарите пари нема, а има за златни чинии и виљушки за владата. Секоја држава има мафија, а тука мафијата има држава, живи луѓе горат, одговорност нема, ама има златни чинии и златни виљушки, нови за Владата! Покачени сметки за струја, парно, гас и горива, среде енергетска кризна состојба, Македонија тоне во криза, а владата купува златни чинии, златни лажици и виљушки!“, нагласи Стоилковски.
„За што? За да достојно, така царски, го дочека пионот Ковачевски со неговата заева свита во Владата со златни чинии. Ова е пример за чиста забеганост, ова е непотребно, одлепено луксузирање врз грбот на луѓето. Срамно и безобразно однесување“, рече тој.
Златен прибор, додаде Стоилковски, се плаќа од буџет сега, за од нив да јадат министрите од СДСМ, ДУИ, Алтернатива, и кога ќе им дојдат на ручек Павле Трајанов, Морачанин и оној Горан Милевски.
Според него, секој ден поминат без брзи избори е само ден минат со нов пораз за Македонија!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

