Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Димитров да не глуми генерал после војна

Сфаќаме дека за Никола Димитров менувањето од функцијата е негов најнесреќен ден, зошто тој е кариерист, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на денешните изјави на Димитров.
„Димитров нека не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на ‘злобната’ Бугарија, туку тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси. Наместо Европа, СДСМ Заев и Димитров ја однесоа државата во ќор-сокак во однос на европските интеграции“, се наведува во партиската реакција.
Според ВМРО-ДПМНЕ, задоцнета е грижата на Димитров за националните и државни интереси.
„Тој беше првиот што ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега неговата грижа освен што е лажна и лично мотивирана, таа е и задоцнета“, посочуваат од партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Уапсен 26-годишник кој се заканувал со нож и пиштол, a потоа нападнал со тврд предмет

Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска, околу 2:10 часот, привеле 26-годишен маж во скопската населба Шуто Оризари, откако бил пријавен за закани и физички напад врз тројца членови на иста фамилија.
Како што информира МВР, уапсениот А.И. (26) од Скопје, по претходна расправија, упатувал закани со остар предмет и огнено оружје кон Џ.С. (32), неговиот брат и чичко. Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 19 април.
„По пријава поднесена од Џ.С. од Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.И. на подрачјето на Шуто Оризари. Според пријавеното, лицето се заканувало со остар предмет и огнено оружје, а потоа и физички го нападнало пријавителот со тврд предмет“, соопштија од МВР.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.
Скопје
Воз удри во автомобил кај Зелениково, нема повредени

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска кај Зелениково, воз удрил во патничко моторно возило, но за среќа, во инцидентот нема повредени лица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во СВР Скопје во 18:10 часот. Според пријавата, воз удрил во автомобил управуван од Ж.М.К. (51) од Скопје, додека возот бил управуван од С.М.
На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош Скопје, која констатирала дека нема повредени.
Полицијата изврши увид и работи на целосно расчистување на случајот.
Македонија
Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја напушта коалицијата Вреди. Тој истакна дека останува член на партијата Алтернатива и дел од коалицијата Вреди, истовремено потенцирајќи дека како собраниски спикер ќе продолжи да ги извршува своите обврски согласно уставните надлежности.
„Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Вреди. Како претседател на Собранието, се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратенички групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам“, напиша Гаши.
По неодамнешните несогласувања со Арбен Таравари, лидер на едното крило на Алијансата за Албанците, од коалицијата Вреди најавија нов чекор кон поголемо политичко единство. Според најавите, следната недела ќе започне процедурата за создавање на единствена политичка партија што ќе ги обедини постојните партии од оваа коалиција.
Лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, во интервју за емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија, изјави дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, програма и советнички листи за претстојните локални избори.