Спорт
Џерард доби уште еден одличен играч – Дињ се сели во Астон Вила

Фрнцускиот репрезентативец, Лука Дињ, кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила. Дињ е второто големо засилување за Астон Вила во актуелниот преоден рок, откако вчера Филипе Кутињо ја имаше официјалната промоција.
Левиот бек не е во плановите на менаџерот Рафа Бенитез, поради што реши да го напушти Евертон. „Карамелите“ од неговиот трансфер ќе инкасираат 27.000.000 евра.
Во актуелната сезона, 28-годишниот Дињ, настапи на 15 натпревари за Евертон, меѓутоа не одигра ниту една минута од почетокот на декември.
Дињ, во 2018 година, за сума од 22.000.000 евра од Барселона се пресели во Евертон. Кариерата ја започна во Лил, а играч и во ПСЖ и Рома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пелистер загуби со двоцифрена разлика од Висла

Еурофарм Пелистер, во четвртото коло го доживеа третиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Вечерва во Плоцк, македонскиот првак доживеа убедлив пораз од Висла 36:25.
Еурофарм Пелистер на Висла и се спротивстави само во првите 20 минути. Една третина од натпреварот избраниците на Рубен гарабаја делуваа добро на теренот. Битолчани имаа предност 8:9, кога започна серијата на Висла од 6:1.
Таа серија се покажа како клучна за преостанатиот тек на натпреварот. Висла на полувреме замина со предност 18:14.
Вториот дел Висла рутински го одработи, на десет минути до крајот домаќинот дојде и до двоцифрена предност (30:20), на крајот полскиот тим победи 36:25.
Пелистер го предводеше Дејан Манасков со седум гола, кај Всла најефикасен беше францускиот репрезентативец Мелвин Ричардсон со осум погодоци.
Foto/ EPA
Спорт
Салах го однесе Египет на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Египет обезбеди место на Светското првенство следната година откако го победи Џибути со 3:0 во африканските квалификации.
Во групата А, коло пред крајот, Египет на првото место има недостижни пет бода повеќе од Буркина Фасо, која е на второто место. Египет четврти пат во историјата избори место на Мундијалот, претходно „фараоните“ беа дел од најголемата фудбалска смотра во 1934, 1990 и 2018 година.
Од Африка, место на Мундијалот претходно изборија Мароко и Тунис.
Египет убедливо го победи Џибути со 3:0 на гостински терен со головите на Ибрахим Адел и Мохамед Салах (два).
Покрај трите селекции од Африка и домаќините Канада, Мексико и САД, пласман на Светското првенство досега изборија: Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, актуелниот светски шампион Аргентина, Еквадор, Бразил, Уругвај, Парагвај и Колумбија.
Спорт
Фудбалерите на Англија и Велс ќе играат во дресови без имиња

Репрезентациите на Англија и Велс ќе одиграат пријателски натпревар во четврток за да ја подигнат свеста за Алцхајмеровата болест. Во втората половина од натпреварот, играчите на двата тима ќе истрчаат на теренот облечени во дресови без имиња на грбот, што симболично означува губење на меморијата, еден од најчестите симптоми на оваа сериозна болест.
Оваа иницијатива е дел од партнерството помеѓу Фудбалската асоцијација (ФА) и Здружението за Алцхајмерова болест, кое трае од 2021 година. Англиската репрезентација веќе имаше слична акција минатата година во натпреварот против Белгија.
Пред почетокот на натпреварот, на тимовите ќе им се придружат на теренот 22 навивачи кои живеат со деменција, испраќајќи силна порака до јавноста.
„Фудбалските навивачи се номинирани низ цела Англија и Велс да ги претставуваат многуте различни лица на деменцијата во Велика Британија и ќе излезат на теренот заедно со тимовите за да пренесат силна порака дека ќе биде потребен обединет тим за да се победи најголемиот убиец во Велика Британија“, се вели во соопштението на ФА.