Македонија
Јавен повик за привремено ангажирање негуватели во детските градинки во Кисела Вода
Општина Кисела Вода упати јавен повик за привремено ангажирање негуватели за јавните детски градинки на оваа територија. Евидентираните невработени лица што сакаат да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“ треба да поседуваат лиценца.
Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува пет месеци. Ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време, со дваесет работни часа неделно. За време на работниот ангажман од пет месеци, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица, корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно претходно оствареното право.
Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата што првпат се јавуваат за учество во програмата. За кандидатите што ќе бидат избрани се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто-износ за работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Повикот е врз основа на договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кисела Вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
„Планот за враќање на Груевски, оркестриран од високи експоненти на ДУИ, е нож во грб на Албанците“, велат од ВЛЕН
„Поминаа четири дена откако јавноста беше потресена од шокантните откритија за ДУИ и нејзината разбиена клика. Што прават тие? Mолчат!“, велат од ВЛЕН.
„Планот за враќање на Никола Груевски, оркестриран од високи експоненти на ДУИ, е нож во грб на Албанците. Вас, на кого Албанците му веруваа, работевте скришно да го вратите нивниот најголем непријател. Зошто? За да ја зачувате вашата скапана моќ!
За враќање на Груевски и амнестија беа искористени тајните средби, притисокот врз институциите и вмешаноста на високи функционери. Но, овој срамен план пропадна и сега Албанците бараат одговори.
ВЛЕН нема да молчи. Од Скопје му велиме на Али Ахмети, немој да се криеш во Швајцарија, туку врати се и дај отчет. Зошто сета оваа љубов кон Груевски? Што имаш ти со тоа? Какви пазарења направивте и што се обидувате да скриете од Албанците?
Албанскиот народ повеќе нема да се изманипулира. Правдата доаѓа, а вашите игри завршија. Ќе се разоткријат лаги, манипулации и тајни зделки. Албанците ја заслужуваат вистината и ќе ја добијат“, соопштуваат од ВЛЕН.
Македонија
„Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев. Заев ја води СДС преку неговиот неврохирург, Венко Филипче, кој е негова продолжена рака и преку избраните 40 потрчковци“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Неврохирургот на Заев, Филипче, на кој живи му изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово и кој без трошка срам и грижа на совест не понесе никаква одговорност, сега се продава како ново лице во политичката сцена.
Но секако, освен неговите 40 потрчковци желни за власт и позиции, никој друг не им верува, дури ни нивните членови, а најмалку македонските граѓани.
Неврохирургот на Заев, Венко Филипче освен што нема никаква грижа на совест и чувство за одговорност, очигледно е опериран и од срам, па така на партиската игранка за негова заменичка ја избрал поранешната претседателка на Сорос во Македонија.
За Фани Каранфилова Пановска, неврохирургот на Заев, Филипче рече дека во себе ги имала социјалдемократските вредности, а истата таа во Сорос земала плата од 3.400 евра.
Од јавно достапните информации од Фондацијата Сорос Македонија, можеме да видиме дека за 2014-та година земала бруто во износ од 2.030,118 денари. А на просечен македонски граѓанин, па и чесен член на СДС им треба пет години да работи за да стигне до оваа баснословна сума која, Каранфилова Пановска ја земала во една година.
Како со ваквите астрономски месечни хонорари и скапи журки по елитни хотели во Дубаи, неврохирургот на Заев, Филипче и потрчкото Каранфилова Пановска ќе им објаснат на јавноста дека се грижат за потребите на граѓаните и дека ќе креираат политики за доброто на државата.
Освен ова, Каранфилова Пановска не може да биде ново лице, затоа што таа е дел од луѓето коишто работеа да го донесат Зоран Заев на власт, кој пак е причината за катастрофалниот пад на СДС, но и за назадувањето на Македонија.
Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДС и дел од 40-те потрчковци на чело со неговиот неврохирург, Венко Филипче.
Сите лица во сегашното раководство на СДС се продолжение на партијата од периодот на владеење на Заев, кога на Македонија и донесе многу национални порази. Во СДС ништо не е сменето, а најмалку Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.