Спорт
Во вторникот се „кладеше“ дека е зарезен со коронавирусот, денес доби позитивен тест
Контроверзниот австралиски тенисер со хрватско потекло, Бернард Томиќ, кој пред два дена во квалификациите за Австралија опен, се „кладеше“ дека е заразен со коронавирусот, денес потврди дека добил позитивен ПЦР тест.
Томиќ, во вторникот, предизвика скандал во текот на мечот со Роман Сафијулин, Во вториот сет, на прашањето од судијата дали се чувствува добро, Томиќ одговорил не и потоа шокирал со одговорот и ги обвинил организаторите за негриржа.
„Мислам дека имам коронавирус, тврдам дека во наредните два дена ќе бидам позитивен. Ве уверувам во тоа. Видете, доколку не бидам позитивен во наредните три дена ќе ве честам вечера. Во спротивно ти честиш. Не ми се верува дека никого не тестираат. Играчите на терен излегуваат откако ќе направат брзи тестови во своите соби. Нема ПЦР тестирања“, и рекол Томиќ на судијката од Бразил, Алина Да Роча и продолжил да игра.
Томиќ не успеа да го мине првото коло, го загуби мечот со 1/6, 4/6, а потоа веднаш заминал во изолација.
And here’s video of Tomic’s remarks. Wild stuff.
He’s still competing. Hope Safiullin dodges the handshake! #AusOpen https://t.co/iqFL6bDkcL
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) January 11, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Евролигата го казни Монако, не може да регистрира нови играчи
Евролигата објави дека го казнила Монако за кршење на правилата за финансиски фер-плеј.
Како што е наведено, врховното тело на елитното клупско натпреварување на Стариот континент одлучи за оваа мерка поради прекршување на членовите 32(а), 32(в) и 32(е).
Станува збор за прекршувања поврзани со пречекорување на платите, како и ненавремено обезбедување на потребната документација и недостаток на соработка од страна на Комисијата за контрола и спроведување на финансиски фер-плеј.
Францускиот претставник беше казнет со 300.000 евра и му беше забрането да регистрира нови играчи и тренери. Забраната останува на сила додека не се решат спорните прашања.
Монако моментално е дел од четвртото место во Евролигата со осум победи и пет порази.
Спорт
Фетел: Напредокот на Макс е застрашувачки
Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион во Формула 1, зборуваше со пофални зборови за Макс Ферстапен, актуелниот шампион во најбрзиотциркуз.
Како и Холанѓанецот, Германецот еднаш освои четири поврзани титули за Ред Бул.
Фетел нема сомнение дека Макс сигурно ќе го надмине по бројот на пехари.
„Страшно е колку Макс се подобрува секоја година. Сите знаеме колку е добар, но секогаш сака повеќе. Гладен е, со огромна желба да учи“, рече Фетел.
Ферстапен е повторно во конкуренција за титулата оваа година, иако според експертите, имал далеку полош болид од Мекларен поголемиот дел од сезоната.
„Макс сега е пред Норис и Пјастри. Причината е јасна. Тој знае како се освојуваат титули. Од друга страна, сите знаеме каков борец е. Нема да им биде лесно на двата Мекларена да го сопрат“, рече Фетел.
До крајот на шампионатот остануваат уште две трки плус една спринт трка. Следната станица е Катар. Трката е закажана за недела, 30 ноември. Шампионатот традиционално завршува во Абу Даби.
Ландо Норис во генералниот пласман има 24 поени повеќе од тимскиот колега и Холанѓанецот, може да стане шампион во Катар, доколку освои два бода повеќе од Пјастри и Ферстапен.
Спорт
Атлетико ја одреди цената за Конор Галагер
Конор Галагер ќе може да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок.
Новинарот, Матео Морето, кој ги следи случувањата во Атлетико, денес потврди дека Англичанецот има дозвола да преговара со други клубови, доколку некој е подготвен да плати 30.000.000 евра.
Тој пристигна како големо засилување од Челзи во летото 2024 година за 42.000.000 евра, но не ги оправда очекувањата.
Оваа сезона, кај Диего Симеоне најчесто е резерва, одигра 17 натпревари, но на теренот мина само 550 минути.
За Галагер има интерес во Премиер лигата, во финишот на летниот преоден рок се поврзуваше со Њукасл. Во Премиер лигата има за Чарлтон, Свонси, ВБА и Кристал Палас, пред да ја докаже својата вредност во Челзи.
Галагер има 25 години и се надева дека ќе може да му се наметне на тренерот Томас Тухел да го врати во националниот тим пред Светското првенство во 2026 година.

