Вести
Бопал: 30 години од најголемата индустриска несреќа во историјата

Стотици луѓе протестираа во средата пред напуштената фабрика во индискиот град Бопал во којашто пред три децении се случи најголемата светска индустриска несреќа, барајќи правда за преживеаните кои имаат тешки последици и триесет години по хаваријата.
Стотици луѓе протестираа во средата пред напуштената фабрика во индискиот град Бопал во којашто пред три децении се случи најголемата светска индустриска несреќа, барајќи правда за преживеаните кои имаат тешки последици и триесет години по хаваријата.
Постари жени и мажи, жртви на истекувањето на отровниот гас, заедно со активисти и деца, од кои некои се родени со телесни оштетувања и со психички болести, држеа пароли на кои едноставно пишуваше „Сакаме правда“.
Во раните утрински часови на 3-ти декември 1984 година, околу 40 тони од гасот метилизоцијанат истекоа од фабриката за пестициди во сопственоста на американската мултинационална компанија „Union Carbide Corp.“. Ветерот го разнесе гасот по блиските места.
Индиската влада регистрираше 5.295 смртни случаи, како директна последица на хаваријата. Активистите, пак, проценуваат дека од последиците на несреќата во изминатите триесет години починале уште 25 илјади луѓе, а деуак дури 500 илјади се затруени. Многу и натаму се борат со разните видови карциноми, во меѓувреме ослепеа, имаат проблеми и оштетувања на дишните патишта, како и имунолошки и невролошки пореметувања, велат активистите.
„Бев бремена и живеев во близина на фабриката. Се разбудив со очите коишто ужасно ме печеа и можев да слушнам како луѓето надвор врескаат и лелекаат“, вели за Reuters сега 50-годишната Рамбнаи Кајлаш чијашто ќерка е родена со мускулна дистрофија, а сопругот ѝ починал од рак пет години по несреќата. „Отштетата беше толку мала што веднаш ја потрошив на лекувањето на мажот и ќерката“, додава.
Активистите ги обвинуваат и индиската и американската влада, како и „Dow Chemical Company“, којашто денес ја има во своја сопственост „Union Carbide Corp.“, дека не сториле ниту одблизу доволно за да им помогнат на жртвите на несреќата. Тие сакаат да добијат поголема финансиска отштета и, исто така, да издејствуваат решение за проблемот со илјадниците тони токсичен отпад околу фабриката, кој се вкопал во земјата а според нив ја труе водата којашто ја користат повеќе од 50 илјади луѓе.
Од „Dow Chemical Company“ негираат дека тие имаат одговорноста, и велат дека ја купиле компанијата „Union Carbide Corp.“ цела деценија откако компанијата го решила прашањето на отштетата со индиската влада. Активистите, пак, велат дека сумата е смешна, имајќи ги предвид големите патења на луѓето и страшните последици од несреќата. Владата на индиската сојузна држава Мадхја Прадеш, во која се наоѓа Бопал, одржа во средата молитва а индискиот парламент во Њу Делхи ја започна работата со минута молчење во чест на жртвите на хаваријата./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.