Спорт
Роналдо: Пред Португалија се тешки битки за мундијал

Кристијано Роналдо во интервју за „ЕСПН Бразил“ признава дека целта да настапи на уште едно Светско првенство, тоа во Катар на крајот на 2022, се наоѓа пред тешки предизвици во двата бараж-меча што ги очекуваат.
Португалија не успеа да го освои првото место во својата група по поразот од Србија во последниот меч и сега во март ќе игра првин со Турција во полуфиналето на баражот пред во одлучувачкиот меч да игра со подобриот од мечот помеѓу Италија и Македонија.
„Ќе биде тажно ако не ја оствариме целта и играме на Светското првенство. Во фудбалот и животот поминуваме низ тешки моменти, но најважно е да се вратиме бргу на нозе. Нѐ очекуваат тешки битки. Првин против Турција, а ако победиме, тогаш мислам дека ќе одиме на Италија. Ќе видиме. Ќе бидеме подготвени. Тоа е животот, не постојат совршени сценарија“, вели Роналдо.
Португалецот, кој има 14 гола во 21 меч по враќањето во Манчестер јунајтед, нема пропуштено големо натпреварување по дебито за Португалија во 2003. Тој играше на четири светски и на пет европски првенства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.