Спорт
Португалски фудбалер претепан во Атина

Рубен Семедо, 27-годишниот фудбалер на Олимпијакос, бил претепан пред својот дом во Атина. Семедо и неговиот пријател биле нападнати од тројца маскирани мажи. Нападот се случил 15 минути пред полноќ.
Полицијата го потврди нападот. Во извештајот стои дека, напаѓачите со фантомки на главите го чекале Семедо пред неговиот дом. Тие ги нападнале фудбалерот и неговиот пријател со палки. Семедо добил удари по главата и грбот, а неговиот пријател останал без неколку заби.
Семедо е познат како лошото момче на португалскиот фудбал. Минатата година, беше уапсен во Глифада, под обвинение дека силувал една 17-годишна девојка.
Претходно, тој беше во притвор во Шпанија. Во 2018 година, кога играше во Виљареал, беше уапсен за киднапирање, кражба и неовластено поседување на оружје. Се спаси од долгогодишна затворска казна, ја призна вината, плати казна од 46.000 евра и доби осум годишна забрана за влез во Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пјастри во последен момент му ја одзеде пол-позицијата на Расел

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бахреин, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Австралиецот до втората пол-позиција сезонава и кариера на патеката „Сакир“ стигна со време од 1:29.841 минути, со десети и пол предност пред Џорџ Расел во Мерцедес.
Најблиску до двајцата беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека лидерот во генералниот пласман заостана – Ландо Норис ќе го заземе шестото место, додека бранителот на титулата Макс Верстапен ќе биде зад него, во четвртиот стартен ред.
Четвртата квалификациска сесија сезонава беше одбележана со прекин во второто полувреме, кога возачот на Хаса, Естебан Окон, го уништи својот болид откако помина преку тротоарот и удри во оградата.
Спорт
Марк Маркез го задржа максималниот учинок во квалификациите

Марк Меркез ја освои пол-позицијата за ГП на Катар.
Ова е четврти пат шпанскиот мотоциклист да биде на првото место, па го задржа максималниот учинок во квалификациите.
Шпанецот постави најдобро време од 1:50.499, што беше недостижно за помладиот брат Алекс, кој беше втор.
Третото место му припадна на Фабио Квартаро, кој е на Јамаха.
Катастрофа во квалификациите имаше клупскиот колега на Марко Маркез, Франческо Бањаја, кој на стартот ќе биде само 11-ти.
Италијанецот имаше пад и во квалификациите, поточно во вториот дел, па тоа имаше големо влијание на крајот да биде само 11. место.
Спорт
(Видео) Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо на тренингот во Бахерин остана без волан

Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо на вчерашниот тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин се соочи со еден необичен проблем и остана без волан во текот на треингот.
Има долго кариера зад себе Алонсо во најбрзиот караван во светот, меѓутоа веројатно ваква ситуација не памети.
Во еден момент додека возеше Шпанецот остана без волан, но за среќа не беше во полна брзина и се најде на дел од патеката каде што има простор да реагира, па се помина без инцидент.
Fernando Alonso's steering wheel has come off 👀
The Spaniard is back in the pits now as Aston Martin investigate the issue #F1 #BahrainGP pic.twitter.com/fV1INSJYM4
— Formula 1 (@F1) April 11, 2025