Спорт
Брињоне со победа во австриска супер-џи победа
Италијанката Федерика Брињоне на совршен начин се подготви за Олимпијадата во Пекинг, откако триумфираше на супер-џи трката од Светскиот куп во австрискиот ски-центар Алтенмаркт-Цаухензе, со минимална предност пред Швајцарката Корин Зутер.
Брињоне до својата 18. победа во Светскиот куп стигна со време од 1:10.84, за 0.04 секунди пред Зутер, додека третото место го освои Австријката Аријане Редлер со 1:11.01.
Нејзината сонародничка, Софија Гоџа, која доминираше во досегашните брзински трки од Светскиот куп оваа сезона, беше само 19., но останува лидер во генерален пласман во дисциплината. Во интересно 1-2-3 водство за Италијанките, Гоџа има 332 поени пред Брињоне со 327, а трета е Елена Куртони со 248 поени, откако беше на осмото место во Цаухензе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ова е совршено изведен пенал
Многумина тврдат дека ова е најдобро изведениот пенал во историјата на фудбалот.
Често велат дека пеналите се лотарија и не постои перфектно изведен пенал. Сепак, за шутирање од белата точка е потребен и тренинг, а не само талент. И ако ги комбинирате двете, тој пенал навистина може да биде совршен.
Во шпанската Сегунда на четири кола пред крајот се води голема борба за пласман во Ла Лига. Во моментов водат Леганес и Ваљадолид со по 67 бодови, а зад нив е Еибар со 64 бодови.
Токму Еибар, викендов славеше со убедливи 5:0 против Аморебиета, а мечот го одбележа пеналот на Агер Акече.
Otro ángulo del gol de Aketxe. #SDEibar pic.twitter.com/n40j2V88t5
— El Milagro de Valencia (@EibarXtra) May 6, 2024
Спорт
Просинечки ги издвои најдобрите од поранешна Југославија, не го спомна Модриќ
Роберт Просинечки (55) пред три месеци стана селектор на црногорската фудбалска репрезентација. Откако ги победи Белорусија и Македонија во првите пријателски натпревари, тој одговараше на прашања за социјалните мрежи на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
Најинтересен е одговорот на прашањето кое Црногорците го нарекоа ултимативно: Кој е најдобриот екс-ју фудбалер на сите времиња?
„Тешко ми е да го кажам. Знаете, ако кажам Дејо Савиќевиќ, тогаш ќе кажат дека тој е мојот претседател. Имаше многу добри играчи на овие простори, секој од нив обележа еден период. Ги имаше многу, за никој да не се налути или да помисли нешто. Имаше неверојатен број на одлични играчи од генерацијата на Хрватска, а да не зборуваме за играчите кои направија неверојатни кариери, играа во најголемите клубови толку години, па тешко ми е да кажам кој е најдобриот, но еден од нив е Шукер, па Шукер, Бобан потоа Папе Сушиќ. Ова го кажав на брзина. Тоа беа играчите кои го обележаа фудбалот не само во Хрватска туку и во поранешна Југославија.”
Интересно, Просинечки не го ни спомна Лука Модриќ, единствениот добитник на Златна топка од просторот на поранешниот југ и најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал.
Спорт
Словенец во рекорден трансфер доаѓа на „Сан Сиро“?
Милан во летниот преоден рок ќе остане без Оливие Жиру. Ветеранот како слободен играч се сели во САД, а клубот ќе мора да најде замена. Тројца играчи се поврзуваат со Милан: Бенјамин Шешко, Џошуа Зиркзе и Серху Гираси, а според медиумите рв пик е репрезентативецот на Словенија.
„Газета дело спорт“ во своето денешно издание пишува дека Шешко има излезна клаузула од 65 милиони евра, која може да се зголеми за дополнителни десет милиони доколку играчот не го напушти клубот во раната фаза од летниот преоден рок.
Овој извор пишува дека ситуацијата во Милан одамна е таква што клубот прво мора да заработи пари од продажба на играчи за да инвестира дел од нив во засилувања, како и дека многу англиски клубови се заинтересирани за Шешеко (20).
Словенецот оваа сезона постигна 16 гола на 40 натпревари.
Доколку трансферот биде реализиран, Милан ќе го урне клупскиот рекорд. Трансфер рекордот го држи Рафа Леао за кого клубот издвои 49 милиони евра.