Македонија
(Видео)Талески: На ВМРО-ДПМНЕ му пречи неселективната и ефикасна борба што МВР ја води против криминалот
Сите анкети, сите анализи на меѓународни фактори за МВР покажале дека Министерството за внатрешни работи води неселективна борба против корупцијата и криминалот, тоа така беше, така и ќе биде, ќе расчистиме со сите криминалци, без разлика дали се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ или од други редови, порача од собраниската говорница, пратеникот на СДСМ Миле Талески.
Тој при реплика на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, додаде дека ВМРО-ДПМНЕ од меѓународни фактори беше прокламирана како злосторничко здружение, а неговата претходничка и поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е во затвор.
„Кога зборувате за криминал и за корупција, погледнете кои се ваши колеги пратеници, половина претходна влада ви е под обвинение, опфатени се со најразлични постапки „Титаник„, „Талир“, „Моќник“, „Империја“ и за вашиот духовен отец бегалецот Никола Груевски за плацовите што ги купувал на Водно“, рече Талески, додавајќи дека токму затоа на ВМРО-ДПМНЕ му пречи Оливер Спасовски и МВР кое покажа и докажа дека нема да води сметка кој на која позиција се наоѓа и дека за секој ќе се води постапка доколку ги прекршил законите.
Талевски истакна дека во 2020 година биле откриени 77 кривични дела во врска со корупција, а 114 во 2021, со вкупна сума на средства од 97,3 милиони денари, што во време на ВМРО-ДПМНЕ било мисловна именка а биле пресечени 16 меѓународни транспорти на дрога, само во 2021 година кога се уапсени 297 криминалци барани со потерница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

