Македонија
1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица по 47, Велес – 38, Тетово – 36, Штип – 35, Кавадарци – 27, Гостивар – 17, Свети Николе – 16, Гевгелија и Ресен по 13, Кочани – 12, Струга – 11, Кичево, Неготино и Крива Паланка по 10, Радовиш и Крушево по 8, Виница – 6, Делчево – 5, Демир Хисар и Македонски Брод по 4, Берово, Пробиштип, Кратово и Богданци по 3 и по еден заразен од Дебар, Македонска Каменица и Пехчево.
Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 145 реинфекции, посочуваат здравствените власти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (55, 76, 76 и 82 години) и по едно починато лице од Прилеп (64), Битола (77), Струмица (60), и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 784 оздравени пациенти од: Скопје – 400, Битола – 83, Прилеп – 53, Кавадарци – 37, Куманово и Струмица по 31, Охрид – 25, Штип – 20, Велес и Гевгелија по 16, Кочани – 13, Гостивар – 11, Валандово – 10, Кичево – 7, Ресен – 6, Виница – 5, Крушево – 4, Неготино и Свети Николе по 3, Тетово, Пробиштип и Богданци по 2 и по еден оздравен од Струга, Радовиш, Демир Хисар и Дојран.
Направените 6.141 тест се преку: ИЈЗ-314, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Куманово-123, Судска медицина-4, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-142, Авицена-169, Биотек-243, Систина-104, лабораторија Лаор-389, Синлаб-19, Ремедика-1, Плодност-119, Генеа-20, Никоб Лаб-615, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-25, Ројал Медика–53, Спектра-ММ-18, Рапид Лаб–33, Жан Митрев Струмица–35, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.235.
Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 109826, Активни 8609
Куманово 13829, Активни 580
Прилеп 11914, Активни 890
Тетово 11726, Активни 266
Битола 11103, Активни 1456
Гостивар 8334, Активни 210
Кавадарци 7976, Активни 413
Велес 7887, Активни 317
Охрид 7428, Активни 565
Штип 7113, Активни 270
Струмица 6669, Активни 321
Кичево 4594, Активни 232
Кочани 4309, Активни 159
Струга 4115, Активни 162
Гевгелија 3258, Активни 242
Неготино 2827, Активни 157
Свети Николе 2252, Активни 83
Крива Паланка 2071, Активни 102
Ресен 2079, Активни 166
Радовиш 2014, Активни 180
Делчево 1579, Активни 90
Берово 1538, Активни 52
Дебар 1477, Активни 16
Виница 1220, Активни 34
Пробиштип 1206, Активни 50
Валандово 1193, Активни 134
Кратово 814, Активни 24
Богданци 757, Активни 57
Крушево 760, Активни 140
Демир Хисар 699, Активни 49
Македонски Брод 588, Активни 39
Демир Капија 454, Активни 18
Македонска Каменица 453, Активни 24
Пехчево 380, Активни 18
Дојран 190, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија.
„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“.
Македонија
Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати
„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата.
Филипче ја критикуваше власта за луксузирањето и што велат од партијата, негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот.
„Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци, луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за тој авион“, истакна Филипче.
Се осврна на животниот стандард и одбивањето на власта да ја зголеми минималната плата.
„Ние ги премоливме, дававме закони два пати, ова е втор пат како го даваме законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра плата не е луксуз, минимална плата. Основни потреби не може да задоволува луѓето. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачка кошничка, не може да преживеат. Нема слух, нема слух“, порача Филипче.
Тој заклучи дека Владата нема визија и нема план за подобрување на животниот стандард, туку само задолжувања и луксузирање, додека граѓаните едвај преживуваат.
Македонија
СДСМ до Брнабиќ: СНС не е српскиот народ, ниту Александар Вучиќ е Србија
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, остро ги отфрла срамните и лажни обвинувања на Ана Брнабиќ на сметка на нашата реакција на изјавите на претседателот на Србија, истакнуваат од оваа партија.
„Наместо нам да ни држи лекции за „срам“, госпоѓа Брнабиќ најпрво нека се сослуша себеси, а потоа и изјавата на нејзиниот претседател.
Таа и Александар Вучиќ се навикнати да ги извртуваат фактите како што им одговара и да навредуваат секого што мисли поинаку од нивната диктаторска матрица.
Ја потсетуваме само на некои од нејзините сопствени изјави за студентските протести во Србија:
„Ова е обоена револуција. Ова е пуч, ова е обид за државен удар. Хрватска им дава логистичка, разузнавачка и финансиска поддршка.“
„Мислам дека настрешницата беше урната како почеток на обоена револуција.“
Вака таа зборува за студентите, за младите кои се иднината на Србија. СНС во Србија студентите ги нарекува „усташи““.
Тогаш, додаваат од опозициската партија, е јасно зошто Вучиќ вели дека заменичката на генералниот секретар, Радмила Шекеринска, има врска со сецесионистичката политика на Косово.
„Тоа што Александар Вучиќ ве постави, госпоѓо Брнабиќ, на чело на владата, на сите им е јасно. Да се биде послушник во режимот на Александар Вучиќ повеќе никому не треба да му се објаснува.
Вие во таа влада се прашувавте колку и Христијан Мицкоски додека Груевски беше на власт – воопшто.
Што се однесува до НАТО интервенцијата во 1999 година, токму Вучиќ беше член на таа влада, министер за информирање, чија политика директно доведе до бомбардирањето на тогашната СР Југославија.
Добро се сеќаваме на „најдобриот ученик“ на Војислав Шешељ. Тоа нема да го заборават ниту граѓаните на Србија, ниту граѓаните на Македонија.
Споменувате дека СНС и Вучиќ се единствените кои „негуваат пријателски односи“, како Македонија да е на последно место на светот.
Она што сигурно го знаеме е дека покрај тоа што СНС негува односи со ВМРО, изгледа дека негува и канабис со сестринската партија“.
Од СДСМ додаваат дека функционер на СНС беше уапсен при заплена на 5 тони марихуана која, како што напоменуваат, пристигнала од Македонија, а никој не знае како ја поминала границата.
„Велите „нема никакви претензии кон суверенитетот и територијалниот интегритет“? Што точно треба да значи тоа, госпоѓо Брнабиќ? Некоја скриена закана?
Секојдневно за регионот пласирате вести за некакви набавки на најдобро оружје, најдобри авиони, изгледа ви се допаѓа тоа ѕвечкање со оружје од 90-тите, доктрината на Војислав Шешељ.
Да ве потсетиме, можеби сте „заборавиле“, дека Македонија е полноправна членка на НАТО, како што е и мнозинството земји во вашето и нашето опкружување. Затоа тие пораки оставете ги за вашата партиска пропаганда.
За нас Србија е наш најблизок сосед, а српскиот народ го сметаме за еден од нашите најблиски пријатели.
СНС тоа не е и никогаш нема да биде. Останувате само сестринска партија на ВМРО“.

