Свет
Канада ги предупреди граѓаните да не патуваат во Украина
Канадската влада ги повика своите граѓани да избегнуваат патување во Украина доколку не е потребно.
„Го променивме нивото на ризик за Украина за да се избегне патување што не е неопходно поради тековната руска агресија и акумулацијата на војници во земјата и на границите околу неа“, се вели во соопштението на канадската влада доцна во саботата.
Москва стационира повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина, а САД во петокот соопштија дека изразуваат стравување дека Русија подготвува изговор за инвазија на Украина доколку дипломатијата не ги исполни своите цели.
Канадската министерка за надворешни работи, Мелани Џоли, ќе го посети Киев следната недела за да ја потврди поддршката на Канада за суверенитетот на Украина и да ги засили напорите за одвраќање на руските „агресивни дејства“, соопштија претходно официјални лица од Отава.
Канадскиот заменик-министер за надворешни работи, Марта Морган, и американскиот заменик-државен секретар Венди Шерман разговараа во петокот најавувајќи дека ќе ја продолжат блиската координација со цел да се одврати понатамошната руска агресија врз Украина и ја повикаа руската страна на деескалација.
Во интервју за канадската телевизија CBC, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја опиша Русија како агресор. Тој рече дека на Русија е да ја деескалира ситуацијата и дека НАТО е подготвен повторно да ги послуша барањата на Москва.
Русија, од друга страна, ги негира плановите за напад на Украина, но тврди дека би можела да преземе воена акција на неодредено време доколку нејзините барања не бидат исполнети.
Канадскиот премиер Џастин Трудо во вторникот разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и нагласи дека секој воен упад во Украина ќе има сериозни последици, вклучително и координирани санкции.
Канада воведе санкции за повеќе од 440 поединци и субјекти поради анексијата на Крим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

