Свет
Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија
Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од „Оксфам“.
Извештајот именуван „Нееднаквоста убива“ посочува и дека повеќе од 160 милиони луѓе западнале во сиромаштија.
Зголемените економски, родови и расни нееднаквости, како и нееднаквостите меѓу земјите, го распарчуваат нашиот свет, се вели во извештајот.
„Ова не е случајност, туку избор: Eкономското насилство се спроведува кога се избираат структурни политики за најбогатите и најмоќни луѓе. Тоа ни нанесува директна штета на сите нас, особено на најсиромашните луѓе, жените и девојките, расните групи“, додаваат авторите.
„Никогаш не било поважно да се почне со корекција на насилните неправди и безобразните нееднаквости со враќање на моќта и екстремното богатство на елитите, вклучително и даночењето – враќање на тие пари во реалната економија и спасување животи“, рече извршната директорка на „Оксфам интернешнл“, Габриела Бухер.
Авторите на документот повикуваат на прогресивно даночење.
„Пандемијата на Ковид-19 отворено ги откри и мотивот на алчноста и можностите со политички и економски средства правејќи ја екстремната нееднаквост инструмент за економско насилство“, додаде Бухер.
Авторите на документот повикаа на ограничување на екстремното богатство преку прогресивно даночење, докажани јавни мерки за борба против нееднаквоста и храбра промена на власта во економијата и општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.