Свет
(Видео) Градоначалникот на Сицилија штрајкува со глад против ковид-мерките

Градоначалникот на Месина, град на Сицилија, Катено фе Лула, денеска почна штрајк со глад против владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
За викендот тој поставил шатор во пристаништето во градот и оттогаш е во него. Неговата намера е симболично да го блокира преминот на Месина, кој се наоѓа меѓу Сицилија и италијанското копно.
Де Лука, водач на регионалното движење „Сицилија вера“, протестира против правилото дека само вакцинирани луѓе и оние што ја преживеале короната може да дојдат на островот и да го напуштат било со брод или со авион.
Овој политичар тврди дека државата ја окупирала Сицилија.
Тој вчера поднесе оставка од функцијата градоначалник, а таа стапува во сила во февруари. Затоа утрово отиде чекор понатаму и на „Фејсбук“ објави дека почнува штрајк со глад.
>Credevo stamattina, uscendo dalla tenda di trovare qui il presidente Musumeci, ma non è venuto. Ancora è in tempo…”, conclude #DeLuca.” (Adnkronos; archived version: https://t.co/DY7up5uGio)
— Logic Geometry, Information (@LGcommaI) January 18, 2022
Владата во Рим од 10 јануари применува построги правила со цел да го намали ширењето на вирусот и да се обиде да ги принуди оние што не сакаат да се вакцинираат да го сторат тоа.
Правилото за вакцинација сега важи за хотели, конгресни центри, ресторани, скијачки центри и локалниот и друг сообраќај, како што се траектите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.