Македонија
Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани
Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со најновата одлука на германските власти, од државјаните на Северна Македонија при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележана Ковид или негативен ПЦР тест.
За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.
Со нов Ковид-протокол и Република Финска. Сите лица, вклучувајќи и наши државјани, кои не можат да се вакцинираат против Ковид 19 од медицински причини, можат да влезат во Финска доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен Ковид 19 тест, не постар од 48 часа.
За сите останати (освен оние со регулиран престој) кои пристигнуваат во Финска и натаму се задолжени да приложат доказ за целосна вакцинација или оздравување од Ковид 19 (во изминатите шест месеци) заедно со негативен тест за Ковид (не постар од 48 часа).
Истовремено, Владата на Хонг Конг Специјален Административен Регион донесе одлука за измена на условите за влез во Хонг Конг, согласно која Република Северна Македонија се наоѓа во Група А земји каде се детектирани случаи на омикрон.
Поради тоа, се ограничува влез на наши државјани и странци (кои не се резиденти на Хонг Конг), а кои во изминатите 21 ден престојувале во Северна Македонија. Дополнително, дозволен е влез за резиденти на Хонг Конг, но со 21 дневен задолжителен карантин и 6 ПЦР теста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

