Спорт
Македонската олимписка делегација подготвена за ЗОО ПЕКИНГ 2022

На зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022 коишто ќе се оддржат од 4 до 20 Февруари 2022 година, Република Северна Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти, од кои двајца претставници во нордиски и еден во алпски дисциплини.
Врз основа на комуникацијата со Меѓународната скијачка федерација и Меѓународниот олимписки комитет, македонската Олимписка делегација оваа година во Пекинг ќе ја сочинуваат Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада.
Ана Цветановска, како претставник во нордиски дисциплини, ќе настапи на 5 и 10 февруари и ќе се натпреварува во крос кантри, како и во дисциплините 7,5 км слободно, 7,5 км скијатлон и 10 км класично.
Претставник во нордиски дисциплини ќе биде и Ставре Јада, кој што ќе се натпреварува на 8 и 19 Февруари во крос кантри, како и во дисциплините спринт слободно од 1,5 км и 50 км слободно.
Дардан Дехари е нашиот преставник во алпски дисциплини, кој што има настап на 13 и 16 Февруари. Тој ќе се натпреварува во трката слалом и во слалом/велеслалом дисциплините.
Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри во Пекинг 2022 година ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари. Заедно со тројцата спортисти ќе патуваат и Борче Јовановски, тренер во нордиски и Антонио Ристевски, тренер во алпски дисциплини.
Олимписката делегација за Пекинг ќе тргне на 29 Јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 Февруари. Делегацијата ќе биде водена од страна на спортскиот директор на Македонскиот Олимписки комитет, Владимир Богоевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ВАР спас за Јунајтед – „Црвените ѓаволи“ во 97. минута го победија Барнли

Манчестер јунајтед и Рубен Аморим ја забележаа првата победа во сезоната. Јунајтед го победи Барнли со 3:2, со гол од пенал во 97.минута.
Два пати водеше Манчестер Јунајтед, но залудно. Прво по автоголот на Кулен, а потоа и преку Ембумо, сепак, тоа не беше доволно.
Прво Фостер го израмни резултатот, а потоа и Антони.
Сепак, токму Антони беше тој што непотребно го повлече Диало на почетокот од судиското продолжение, а откако ја прегледа ВАР снимката, судијата досуди пенал.
Бруно Фернандес ја презеде одговорноста и погоди во 97.минута за голема радост на „Олд Трафорд“.
Борнмут славеше на гостински терен против Тотенхем и ја заврши непобедливоста на Спарс, кои имаа два триумфа на почетокот од првенството – 1:0.
Натпреварот беше решен веќе во петтата минута, кога Сенеси го проигра Еванилсон, а Бразилецот го совлада Викари со помош на Ромеро.
Сандерленд со два гола во последните 10 минути го победи Брентфорд со 2:1, додека Евертон победи во Вулверхемптон со 3:2
Foto/ EPA
Спорт
Пјастри „за влакно“ го победи Норис за пол-позиција во Зандворт

Оскар Пјастри, лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Холандија. Австралиецот во борбата за пол-позицијата го победи тимскиот колега Ландо Норис, кој доминираше на тренинзите и во првите два квалификациски сесии.
Пјастри ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг во историјата на Зандворт, 1:08.662. Норис задоцни 12 илјадити делови од секундата зад тимскиот колега.
Вториот ред им припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул и изненадувањето Исак Хаџар од Рејсинг булс.
Следуваат возачите на Мерцедес и Ферари, Џорџ Расел и Шарл Леклер. Следуваат Луис Хамилтон (Ферари), Лијам Лосон (Рејсонг булс) и Шпанците од Вилијамс и Астон Мартин, Карлос Саинц и Фернандо Алонсо.
Трката за Големата награда на Холандија, в недела ќе започне во 15 часот. Пјастри во генералниот пласман има девет поени повеќе од Норис.
Foto/ sportsorca.com
Спорт
(Видео) Челзи го победи Фулам – Гостите се жалат на судењето

Денот во Премиер лигата започна со победата на Челзи против Фулам, 2:0 (1:0). Ќе се анализира судењето на овој натпревар, впечаток е дека судијата два пати ги оштети Фулам.
Не започна добро за „сините“, веќе во 14-та минута Мареска беше принуден да направи замена бидејќи Делап се повреди, а потоа само седум минути подоцна Фулам постигна гол.
Марко Силва беше бесен. И со право, кога голот на Кинг беше поништен по долгата ВАР проверка поради ситуација која можеше, а и не мораше да се окарактеризира како фаул.
Гневот на Силва дополнително се зголеми во десетата (од предвидените осум) од судиското продолжение во првото полувреме кога Челзи успеа да ја пробие одбраната на Фулам и да поведе со 1:0 со голот на Жоао Педро кој беше најдобар во скокот по корнер.
Челзи изгледаше поопасно во текот на првиот дел од натпреварот, имаа неколку добри шанси, но Лено го спаси својот гол во два наврати. Нова нервоза за Фулам и Силва – пенал за Челзи во 56-та минута, кој Енцо Фернандез лесно го претвори во 2:0.
Челзи имаше уште неколку шанси подоцна, неколку интересни напади, а Фулам исто така се закани во неколку наврати, но без успех.
Foto/ EPA/DAVID CLIFF