Свет
Нови детали за драмата во Ница – уапсен е полицаец
Млад човек, кој е осомничен дека извршил убиство на 24 декември минатата година, е убиен денеска околу пладне во престрелка во центарот на Ница.
Младиот човек бил застрелан при апсењето, а според обвинителството, куршумот бил испукан од полицаец кој учествувал во акцијата.
Најпрво беше објавено дека полицијата трага по напаѓачот, но на крајот се испостави дека „напаѓачот“ е всушност нивен човек.
Од засега неутврдени причини, полицаецот испукал најмалку еден истрел кон осомничениот, а потоа истрчал во блиската аптека да земе дефибрилатор и да го реанимира младиот човек во кој пукал.
За жал, жртвата не била спасена и била констатирана смрт околу 12.30 часот.
Полицијата го уапсила нивниот колега, а засега нема информации дека осомничениот имал оружје со себе.
Opération de Police en cours, 7 rue de la BUFFA à Nice.
Restriction de circulation, éviter le secteur. pic.twitter.com/KVJ0tb0ZHg— Police Nationale 06 (@PoliceNat06) January 19, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел им се закани на Ирска, Шпанија и на Норвешка: Ќе има тешки последици
Министерството за надворешни работи на Израел ги предупреди амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка дека нивното признавање на палестинската држава ќе има „тешки последици“.
„Ќе има тешки последици во односите со тие земји поради нивната одлука“, најави Џејкоб Блиштајн, генерален директор на МНР по средбата со амбасадорите.
Тие биле поканети на разговори еден ден откако нивните земји објавија дека ќе ја признаат Палестина на 28 мај.
На средбата на амбасадорите им било прикажано видео од киднапирањето на пет жени војници за време на терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври. Во видеото од околу три минути, кое што го објавија светските медиуми, млади жени седат на подот со раскрвавени лица и врзани раце во базата Нахал Оз на југот на Израел.
Се додава дека ова признавање ќе го отежне договорот за ослободување на заложниците кои се држат во Газа од 7 октомври.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој посети неколку земји за да добие поддршка за палестинското признавање, рече дека одлуката ќе ги зајакне напорите за постигнување решение со две држави.
Израел жестоко реагираше и веднаш ги повика своите амбасадори од тие три земји „на консултации“. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека заедничкото соопштение на европските земји е „награда за тероризмот“, додавајќи дека суверена палестинска држава би била „терористичка држава“.
Свет
Чешкиот претседател Петр Павел повреден додека возел мотор
Чешкиот претседател Петр Павел е повреден додека возел мотор, но повредите не се сериозни, соопштија од неговиот кабинет.
„Претседателот е повреден додека возел мотор“, објавија од кабинетот на претседателот на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс.
Според кабинетот, неговите повреди не се сериозни, но тој мора кратко да биде задржан на опсервација во болница.
Регион
Колони возила со српско знаме во Белград и Косовска Митровица за поддршка на Вучиќ
Колони возила со српски знамиња крстосуваат по улиците на Белград, по усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.
View this post on Instagram
Во центарот на северниот дел на Косовска Митровица вечерва се возеле колони возила со српски знамиња во знак на поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата борба во Генералното собрание на ОН.
Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.
Претставници на 84 земји гласаа за усвојување на Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница на пленарниот состанок на Генералното собрание на ОН.
Имаше 19 против и 68 воздржани. Против резолуцијата гласаа Русија, Унгарија, Белорусија, Кина, Коморите, Антигва, Сирија, Куба, Конго, Јужна Кореја, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Никарагва, Сао Томе и Принципе и Србија.