Свет
Ѓоковиќ лани основал компанија која бара лек против коронавирус
Тенисерот Новак Ѓоковиќ се’ уште е во центарот на вниманието на светските медиуми поради депортацијата од Австралија, која и по два судски спорa не сакаше да го пушти невакциниран во земјата.
Сега е откриено дека Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во јуни 2020 година ја основале компанијата „QuantBioRes A/S“, која, меѓу другото, се занимава со потрага за лек против коронавирус.
Компанијата „QuantBioRes A/S“ е регистрирана на 3 јуни 2020 година во Данска, далеку од очите на локалната јавност, објавија регионалните медиуми.
Официјалната веб-страница на данскиот централен деловен регистар содржи информации за основачите и сопствениците на компанијата, а се наведува дека Новак и Јелена Ѓоковиќ поседуваат вкупно 80 проценти од компанијата. Сопственоста на Новак е 40,8, а на Јелена 39,2 отсто. За директор на компанијата се споменува Иван Лончаревиќ, а меѓу тројцата членови на одборот на директори е и Новак Ѓоковиќ.
Исто така, на сајтот е објаснето дека станува збор за компанија која се занимава со производство на фармацевтски препарати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Апокалипса во Кина: силно торнадо руши се’ пред себе, 5 загинати и многу повредени
Најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени во силно торнадо што денеска го погоди јужниот кинески град Гуангжу, јави кинескиот јавен сервис CGTN.
Сеизмолошкиот институт соопшти дека торнадото било на ниво 3, што е две нивоа под највисокото, а увидот за материјалната штета е во тек, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
Метеоролошката станица во селото Лијангтиан во округот Бајин, на околу три километри од местото каде што потекнува торнадото, попладнево забележа максимален удар на ветер од 20,6 метри во секунда.
Претходно во текот на денот, градските власти издадоа предупредувања за можна појава на грмотевици, дожд, град и торнада во многу окрузи.
Ова доаѓа додека провинцијата Гуангдонг се бори со рекордни поплави предизвикани од обилните дождови, кои однесоа најмалку четири животи и раселени десетици илјади луѓе низ неколку градови.
Најмалку 10 лица се водат како исчезнати.
Свет
(Видео) Приведени 100 учесници на пропалестинските демонстрации на Универзитетот во Бостон
Полицијата денеска го растури студентскиот протест против израелската агресија во Појасот Газа на североисточниот универзитет во Бостон, а Универзитетот соопшти дека се уапсени околу 100 студенти.
Од универзитетот додаваат дека секој што имал универзитетска лична карта е ослободен и дека „ќе се соочи со дисциплинска постапка на универзитетот, но не и законска постапка“.
Во соопштението на универзитетот се нагласува дека активностите на демонстрантите се зголемени на ниво кое училиштето „не може да го толерира“, пренесува Бостон Хералд.
Les étudiants de l'Université Northeastern de Boston ont empêché les fourgons de police de quitter les locaux avec les étudiants arrêtés après avoir tenté de démanteler le camp de solidarité de Gaza. pic.twitter.com/bnJQQJ7YZU
— Marysieńka (@MarieMarysienka) April 27, 2024
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.