Спорт
Мингеса се сели во Валенсија
Играчот на Барселона, Оскар Мингеса, по сѐ изгледа, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Валенсија. Клубот од „Местаља“ до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го донесе и Окај Јокушлу од Селта.
Оскар Мингеса е еден од фудбалерите што добија шанса кај Роналд Куман. Со заминување на Холанѓанецот, Мингеса падна во втор план кај новиот тренер.
Чеви му порачал на централниот дефанзивец дека за него најдобро ќе биде да избере клуб во кој ќе добие шанса да игра.
Негов избор е Валенсија. Не е јасно само дали Валенсија ќе има обврска да го откупи по завршувањето на сезоната.
Исто така, Валенсија работи и на трансферот на Јокушлу. Турчинот игра малку оваа сезона поради што Селта нема да се противи на неговиот трансфер. Јокушлу треба да биде замена за Даниел Вас, кој го договори трансферот во Атлетико Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Спринтот во Мајами му припадна Макс Ферстапен
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на втората спринт трка во сезоната, која се возеше како дел од Големата награда на Мајами, шестата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
На тој начин, трикратниот светски шампион ја забележа втората победа во спринт сезонава, а воедно го задржа и максималниот учинок низ улиците на Мајами, откако победи во претходните две изданија на оваа трка.
Исто така, Ферстапен ја продолжи својата серија без пораз во Соединетите Држави откако се врати од пандемијата на коронавирус, тој славеше три пати во Остин и во Лас Вегас минатата година.
Најблиску до холандскиот возач беше Шарл Леклер во Ферари, додека вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше на третото скалило на подиумот.
Ферстапен ја обезбеди победата во спринтот уште на самиот старт, кога ја одбрани својата позиција од Леклер, додека Даниел Рикиардо во болидот на тимот на РБ се проби пред Перез.
Недолго потоа, безбедносното возило излезе на патеката, бидејќи Ландо Норис застана на патеката, по инцидентот што го започна седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон. Возачот на Мерцедес закочи предоцна, удри во Фернандо Алонсо во Астон Мартин, кој налета на неговиот тимски колега Ленс Строл, кој го истурка Норис. Двократниот светски шампион во тој момент за Хамилтон изјави дека „летал како бик“.
Кога возилото за безбедност ја напушти патеката, Макс успеа да се одлепи од Леклер, кој беше сигурен на второто место, но Рикиардо брзо мораше да му ја отстапи третата позиција на Перез.
Австралиецот мораше да се задоволи со четвртото место, бидејќи до крајот успеа да одолее на нападите на Карлос Саинц Јуниор во Ферари.
Шестото место го зазеде Оскар Пјастри од Мекларен, пред возачот на Хас Нико Хилкенберг и Луис Хамилтон, но на крајот од трката тој беше казнет со 20 секунди поради пребрзо возење низ боксот.
На овој начин последниот поен му припадна на Јуки Цунода, кој беше претекнат од Хамилтон по дуелот со Кевин Магнусен во болидот на Хас, кој во неколку наврати недозволено се бранеше во дуелите со Хамилтон, поради што доби казна од 20 секунди.
Спорт
Шкендија победи кај Шкупи, Македонија ЃП и Брегалница испаднаа од лигата
Шкендија, во Чари го доби дербиот со Шкуши и остана на челната позиција на табелата. Во последните две рунди, Шкендија и Струга влегуваат со 61 бод, три повеќе од Шкупи. На две кла до крајот на сеозната Македонија ЃП и Брегалница останаа без теоретски шанси да опстанат во лигата. Вардар до крајот ќе се бори да го избегне баражот за опстанок. Три бода од црвено-црните е оддалечен тимот на АП Брера. Работнички во вистинско време влезе во форма, има четири победи и реми во последните пет рунди и се искачи на петтото место на табелата,
Резултати 31 коло:
Работнички-Тивеш 3:1
Вардар-Македонија ЃП 1:0
Воска спорт-Силекс 2:1
Шкупи-Шкендија 0:2
Струга-Гостивар 1:0
АП Брера-Брегалница 1:1
Табела:
Спорт
(Видео) Реал гази кон титулата, Кадиз ја продолжува борбата за опстанок
Фудбалерите на Реал Мадрид славеа против Кадиз со 3:0 во натпреварот од 34.коло на Ла Лига. Првиот натпревар за Реал оваа сезона го одигра голманот Тибо Куртоа.
Реал го продолжи походот кон титулата, која математички ќе ја обезбеди во наредната рунда.
Во однос на Барселона имаат +14, барем додека Каталонците не го одиграат својот натпревар од ова коло на Џирона (18:30 часот).
По неинтересното прво полувреме во кое немаше голови, Реал лесно го реши прашањето на победникот.
Брахим Дијаз погоди во 51. минута, по асистенција на Лука Модриќ. Џуд Белингем го удвои водството во 68. минута. Три минути по влегувањето во игра ја искористи асистенцијата на Дијаз.
Конечните 3:0 ги постигна Хоселу во петтата минута од судиското надополнување.
Кадиз и натаму е во зоната за испаѓање, со 26 бода, пет помалку од Селта од Виго, која е „над линијата“.