Спорт
Медведев удри и по фановите на Австралија опен: Имаат ниска интелигенција
Светскиот рекет број 1, Данил Медведев немаше големи симпатии кон дел од публиката во Мелбурн откако го победи домашниот фаворит Ник Кирјос, откако прво им порача да покажат „малку респект“, а потоа во интервју посочи дека имало дел од публиката „со ниска интелигенција“.
Русинот остана смирен под притисок за победа во четири сета, а потоа во разговор со двократниот шампион од Австралија, Џим Куриер беше запрашан како успеа да остане концентриран.
„Тоа е единствениот избор кога те свиркаат помеѓу првиот и вториот сервис, не е лесно, мораш само да останеш смирен и да победиш“, изјави Русинот, предизвикувајќи голем број на свирежи од публиката. Куриер се обиде да објасни дека бучавата можеби од извиците „Сиу“ во стилот на Кристијано Роналдо (што стана хит оваа сезона), но Медведев продолжи: „Момци, не можам да го слушнам. Покажате малку респект за Џим Куриер. Тој победи двапати тука. Ако почитувате некого, тогаш почитувајте го него“.
He made his feelings known…@DaniilMedwed | #AusOpen pic.twitter.com/18J7Kr39yx
— Live Tennis (@livetennis) January 20, 2022
25-годишниот Русин потоа напиша „Сиууу“ на камерата по крајот на мечот, а во следното интервју со „Јуроспрт“ отиде подалеку.
„Нормално е такво нешто, посебно кога не играш само против домашен фаворит, туку против Ник. Имам брејк на втор сервис и луѓето веќе се радуваат како да си направил двојна сервис грешка. Разочарувачки е, знам дека не го прават сите тоа, туку тие со ниска интелигенција“, додаде Медведев.
? "Those who are doing it ???????? ???? ? ??? ??"
Daniil Medvedev doesn't hold back with his scathing assessment of the Australian Open crowd ?#AusOpen | @DaniilMedwed pic.twitter.com/TvG66zwIQN
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

