Македонија
(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило
На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска има рочиште за предметот „Топлик“. Полицијата мака мачеше да го смести Јанакиески во возилото, бидејќи неговата нога мораше да биде исправена. Иако пред зградата имаше четири полицајци, бидејќи немаше место за сите во автомобилот, го спроведоа само двајца.
„Постои операција, зафат. Што е интересот во овие седум-десет дена, време во кое е спречен да оди на судење – не знам. Го носат на ‘Топлик’. Јанакиески уште нема извадено конци од операцијата, според тоа што јас го знам од муабет со него, не е заздравена раната. За утре му е закажано вадење конци кај докторот кој го оперираше, така што утре ќе имаме нов извештај и состојба“, вели адвокатот на Јанакиески, Миланов за „А1он“
Прашан дали судијата Осман Шабани, кој го суди „Топлик“, знаел за состојбата на Јанакиески пред да издаде наредба за приведување, Миланов вели: „Му доставивме вешт наод и мислење од трауматолог кој работи на ист тип повредени и операции дека има ризик да се појави тромбоза во ногата која може да предизвика сериозни последици. Има и некоја скршеница на коска, не се разбирам сега и јас точно, разберете ме. Не знам што ви кажам. Ова е силување во судството“.
Адвокатот кој го застапува Јанакиески вели дека не се сеќава на друг ваков случај кој е експониран, во неговата кариера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа која ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните
Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на институциите за демократските и мирните избори, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Оценува дека новата власт има доволно гласови и поддршка од граѓаните за да ги решава сите напластени проблеми, но и да ги продолжи европските реформи и да не застрани од патеката на европската интеграција и регионалната соработка, нешто што во повеќе наврати беше јавно промовирано и ветувано од нивна страна.
„Ние, како социјалдемократи, како прогресивни и принципиелни политичари, оставаме во наследство подобра држава од онаа која ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните. Ние како опозиција ќе бидеме постојано тука за потребите на развојот, да иницираме но и поддржиме тоа што им треба на граѓаните, да поддржиме европски реформи, да споделиме искуства, но и да критикуваме и да се бориме за демократија, слобода и социјална правда доколку новата власт се дрзне да се репризира себеси како во годините пред 2017.
Покрај тоа, јас лично, со цел свој капацитет, со цела своја енергија, посветеност и знаење, ќе се вложам во заздравувањето и реформите на СДСМ како партија која искрено ја сакам и со гордост и припаѓам, бидејќи во овој момент каузите за кои целиот свој живот сум се борел се загрозени и со ослабена подлога и база“, додава тој.
Вели дека нема компромис по однос на неговиот порив да продолжам да ги застапува европските реформи за членство на Северна Македонија во ЕУ, користењето на европските можности, солидарност, соработка и почитување на различностите.
„Ќе дејствувам со ум, со разум, со љубов и со посветеност, за подобра европска Македонија, за СДСМ кој води, а не заостанува.
Им благодарам за соработката на сите колеги од Владата, од партијата, од граѓанското општество и од бизнис секторот со кои имав можност да соработувам во изминативе седум години“, истакнува Маричиќ во напишаното.
Македонија
Варјехи: Очекувам со Силјановска да работиме на забрзување на реформите за преговорите со ЕУ
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, и’ ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на изборите.
„Честитки за новата претседателка на Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Сиљановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори“, наведе Вархеји во честитката на платформата „Икс“.
Congratulations to the new President of North Macedonia!
Looking forward to working w/ 🇲🇰President Gordana Siljanovska-Davkova to speed up the necessary reforms to move forward in the 🇪🇺accession negotiation process.@gogamkd
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) May 8, 2024
Македонија
Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје
Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје.
„Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и, пред сѐ, Копенхашките критериуми за членство. А тоа би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“, вели Радев.
Како што додаде, во изборната кампања се разгорел говор на омраза, кој треба да запре, а натаму е неопходна е ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство.