Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Предлагаме да се укине техничката Влада за пионот Ковачевски да се охрабри и да излезе на избори
Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат да се укине техничката влада за Ковачевски да се охрабрел и да излезел на избори.
„Предлагаме да се укине техничката влада за пионот Ковачевски да се охрабри и да излезе на избори, сосе Спасовски, кој ќе му го држи стравот. ВМРО-ДПМНЕ знае дека СДСМ ќе се обиде да врши поткуп, како што правеше и за време на локалните избори, знаеме и дека ќе ја злоупотребат и МВР, како што видовме дека правеле со пробиената вибер-комуникација, но разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна.
Не може Спасовски толку да поткупи, уцени и заплаши, колку што е голема предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Народот бара промени, и тоа е бран кој СДСМ не може да го запре. Барањето промени секој ден ќе биде сè помасовно“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека им одговараат избори во кое било време, но дека на државата ѝ се потребни веднаш.
„Македонија поради СДСМ е западната во 4 кризи од кои не може да излезе со истава гарнитура на луѓе кои ја внесоа државата во таа ситуација“, порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

