Европа
Во италијанскиот парламент почна процесот за избор на претседател на државата
Италијанскиот парламент го почна процесот за избор на нов шеф на државата, а меѓу неколкуте истакнати кандидати фаворит е актуелниот премиер Марио Драги, но не се очекува победа во првиот круг, пренесуваат светските агенции.
На денот кога почна изборниот процес лидерите на десничарската партија Лига и на Демократската партија (ДП) (од левиот центар) се сретнаа и објавија дека почнале дијалог.
Матео Славини од Лига и лидерот на ДП, Енрико Лета, се сретнаа во парламентот кога започна првиот круг на гласање за човекот кој треба да го наследи претседателот Серџо Матарела.
„Двајцата лидери работат на исти опции и утре повторно ќе се сретнат“, се вели во заедничката изјава на двете партии, во која се наведува дека средбата била срдечна, пренесе „Ројтерс“.
Не се очекува овој понеделник да донесе победник бидејќи водечките партии најавија дека нивните прeтставници ќе фрлаат празни гласачки ливчиња во кутиите.
И претходно се сметаше дека е невозможно да се избере наследник на првиот ден од гласањето.
За избор потребни се две третини од гласовите на 1.009 електори – ном партиите од левиот и од десниот центар не се согласија за името на заедничкиот кандидат.
Дури по четвртиот круг гласање, кој треба да се одржи в четврток, апсолутното мнозинство ќе биде доволно за победа.
По одлуката на поранешниот премиер Силвио Берлускони да се повлече од трката, се интензивираа преговорите меѓу партиските лидери за пронаоѓање кандидат.
Меѓу оние што се сметаат за можни кандидати се поранешниот претседател на долниот дом на парламентот, Пјер Фердинандо Касини, поранешниот премиер Џулијано Амато и претседателката на Сенатот, Марија Елизабета Алберти Каселати.
Матарела одби да прифати уште еден мандат, но некои политичари предлагаат да се побара од него да продолжи, а Драги да остане премиер до следните италијански избори на почетокот на 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина
Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.
Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.
Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.
Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.
Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.
Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.
Европа
Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.
„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.
За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.
„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.
Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.
Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.
Европа
(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка
Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.
На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.
Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.
Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.
Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.
„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.
Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.
„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.