Регион
(Видео) Снегот ја блокираше Грција – повеќе области без струја, возачи заробени на патиштата
Снежна покривка синоќа ја прекри целата грчка престолнина, при што беше нарушен авиосообраќајот и заробени десетици возачи на патиштата.
Најдраматична е ситуацијата на автопатот Атика Одос, обиколница околу Атина која го поврзува главниот град со аеродромот, каде што во моментов сè уште се заробени стотици возила, пренесува грчкиот портал „Катимерини“.
Спасувачките тимови цела ноќ се бореле за да ослободат стотици возачи во време кога бура наречена „Елпида“ ја погоди Грција и ја покри Атина со дебел слој снег, јавува „Ројтерс“.
Во акцијата за спасување учествуваат копнени спасувачки единици со тешка механизација и амбулантни возила.
Грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита Христос Стилијанидес ја обвини компанијата задолжена за одржување на патиштата за ваквата состојба на обиколницата, наведувајќи дека нејзиното раководство на неколку состаноци со владините претставници уверило дека ќе има доволно опрема за да го одржи патот отворен за сообраќај.
Грчките медиуми прикажаа снимки од војници како делат храна, вода и ќебиња за некои од возачите додека температурата паднала во текот на ноќта.
Обилните снежни врнежи се ретки во Атина, но градот втора година по ред го погодува снежно невреме.
Петнаесет патници се повредени кога шинско возило се обидело да повлече воз со околу 200 патници, кој застанал во обилниот снег во централна Грција.
Двајца од повредените се во тешка состојба, соопшти полициски претставник.
Железничкиот и автобускиот сообраќај во Атина е суспендиран, а капацитетите за вакцинација против Ковид-19 во поширокиот регион на Атина и на блискиот остров Евија се затворени, соопштија здравствените власти.
Владините служби, училиштата, продавниците и банките кои не се потребни во двете области и на многу грчки острови, вклучително и Крит, исто така ќе бидат затворени денеска бидејќи студеното време се очекува да трае до утре.
Грчката авиокомпанија AegeanAirlines вчера ги откажа речиси сите летови освен пет и најави дека распоредот најверојатно ќе биде нарушен денеска и утре.
Во регионот на Атика некои области во моментот се без електрична енергија поради штетите предизвикани од континуираните снежни врнежи.
Министерот за климатски кризи и цивилна заштита синоќа изјави дека сите јавни услуги се суспендирани, освен општинските и регионалните власти, вооружените сили и безбедносните сили, јавното здравство и другите служби чија работа е неопходна за справување со вонредните временски услови.
Јавниот превоз ќе работи каде што е можно, особено возовите, метрото во Атина и трамваите.
Сите градинки и училишта денеска ќе бидат затворени, а нема да се одржува ниту онлајн настава, бидејќи нема да има неопходен административен персонал за нејзино водење.
Министерот изјави и дека од попладнево ќе има помалку снег, но дека мразот ќе се задржи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

