Спорт
Марсијал се пресели на „Рамон Санчез Писхуан“
Ентони Марсијал, до крајот на сезоната, ќе игра како позајмен играч од Манчестер јунајтед во Севилја. Повремениот репрезентативец на Франција, на дресот ќе го носи бројот 22.
Марсијал, во 2015 година, стана најскапиот играч до 20 години, во историјата на фудбалот. Манчестер јунајтед за неговиот трансфер од Монако издвоија фиксни 50.000.000 евра. Монако заработи и две третини од предвидениот бонус од 30.000.000 евра, то значи дека досега Јунајтед за Марсијал платиле 70.000.000 евра.
Марсијал на „Олд Традфорд“ не ги оправда очекувањата. Низ годините се мачеше со повредите и во ниту еден момент не ја „најде“ формата од Монако која им го препорача на „црвените ѓаволи“.
Реши да се пресели во Севилја, со цел да ја оживее кариерата. Клубот од „Рамон Санчез Писхуан“, нема да издвои ниту цент за позајмицата. Клубовите се договориле, Севилја во целост да ја преземе плата на Марсијал. До крајот на сезоната тој треба да инкасира помеѓу 6.000.000 и 8.000.000 евра.
Во договорот на Марсијал не постои откупна клаузула, што значи дека тој по завршувањето на сезоната мора да се врати во Манчестер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јокиќ го скокна Џабар, испиша историја во НБА – Дончиќ со брилијантна партија и пресуди на Јута
Никола Јокиќ, испиша историја во НБА лигата, во победата на Денвер над Орландо 126:115, а Лука Дончиќ одигра спектакуларен меч во Солт Лејк Сити, каде Лејкерси ја победија Јута со 143:135.
Никола Јокиќ стана центарот со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата.
Србинот го заврши натпреварот со 23 поени (10/17 од поле), 11 скока и 13 асистенции за 35 минути на паркетот.
Со тие 13 успешни додавања, Јокиќ го престигна Карим Абдул Џабар на вечната листа на центри и сега е прв по тој параметар во историјата на лигата.
NEW NO. 1 ASSISTS LEADER 🔥
Nikola Jokic passed Kareem Abdul-Jabbar for most assists by a center in NBA history‼️ pic.twitter.com/IW0BSHczNZ
— ESPN Insights (@ESPNInsights) December 19, 2025
Џамал Мареј исто така одигра одлична натпревар, постигнува 32 поени.
На спротивната страна, Паоло Банкеро постигна трипл-дабл со 26 поени, 16 скока и 10 асистенции, но дури ни тоа не беше доволно против силните Нагетси.
Солт Лејк Сити сведочеше на брилијантна партија на Лука Дончиќ. Словенецот ги предводеше Лејкерси до победата со трипл-дабл. Дончиќ постигна 45 поени, со 14 асистенции и 11 скока, но и клучни поени за победата.
Во последниот дел, Словенецот погоди тројка речиси од центарот, со која Лејкерси ги скришија Џезерите, а потоа го решија натпреварот.
Дончиќ, помош доби од Леброн Џејмс, кој забележа 28 поени, 10 асистенции и седум скока.
Во тимот на Јута, Кајод Џорџ имаше 34 поени, додека Јусуф Нуркиќ додаде 15, со осум скока и седум асистенции.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos

