Спорт
Баерн потврди дека Зиле ќе го напушти клубот

Баерн Минхен, преку претседателот Оливер Кан, потврди дека клубот, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Никлас Зиле. 26-годишниот репрезентативец на Германија од Минхен ќе замине како слободен играч.
„Зиле не ја прифати нашата понуда, не сака да потпише нов договор. Знаеме дека сака да го напушти клубот по завршувањето на сезоната“, рекол Кан.
Баерн, во 2017 година, издвоија 20.000.000 евра за тогашниот фудбалер на Хофенхајм. Зиле за Баерн има одиграно преку 150 натпревари. Со Баерн освоил четири титули во Бундес лигата и една во Лигата на шампионите.
Германските медиуми го поврзуваат Зиле со трансфер во Њукасл јунајтед. Интерес за него покажува и Челси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анте Ребиќ ќе потпише за Хајдук

Поранешниот хрватски репрезентативец, Анте Ребиќ, постигна договор со Хајдук.
Долго траеја преговорите меѓу двете страни. Минатата недела медиумите во Хрватска објавија дека трансферот нема да биде реализиран од финансиски причини. Хајдук нудел 350.000 и одредени бонуси како годишна плата, а Ребиќ барал двојно повеќе.
На крајот, Ребиќ реши да ја прифати последната понуда што му ја упати Хајдук, па во новата сезона ќе ги брани боите на тимот од Сплит.
Освојувачот на второто место на Светското првенство со Хрватска ќе игра за Хајдук за прв пат во својата кариера.
Ребиќ е роден во Сплит, но никогаш немал можност да го носи дресот на тимот од „Пољуд“. Во помладите категории, како и на почетокот на својата професионална кариера, бил член на фудбалскиот клуб Сплит.
Во Хајдук ќе заработува 450.000 евра годишно, со можност таа бројка да се зголеми преку бонуси.
Foto/ EPA
Спорт
Ако добие „понуда што не се одбива“, Барселона ќе го продаде Левандовски

Роберт Левандовски, најдобриот стрелец на Барселона е тема во денешните изданија на каталонските медиуми.
„Мундо Депортиво“, откри дека клубовите од Саудиска Арабија внимателно ја следат ситуацијата во Барселона и дека не е невозможно да се одлучат за Полјакот во овој преоден рок.
Причините се јасни, Барселона се уште има финансиски проблеми поради што не може да регистрира играчи, што значи дека Каталонците мора да продадат еден од своите играчи.
Марк-Андре тер Штеген одби трансфер, потоа повторно се повреди и заврши на операција и ќе отсуствува меѓу три и пет месеци. Андреас Кристенсен исто така одлучи да остане до следното лето, па Барса сега нема многу опции.
Во клубот се задоволни од Левандовски, несе размислува за негова продажба, но профитабилна понуда од Саудиска Арабија би можела да ги натера челниците да се предомислат.
Полјакот има 36 години, има договор до следното лето, а во исто време, неговите приходи ќе се зголемат во последната сезона. Тој е фудбалерот со најголема плата во Барселона.
Ова се сите причини зошто Барселона нема да остане имуна на профитабилна понуда од Саудиска Арабија.
„Мундо Депортиво“ не именува ниту еден арапски клуб конкретно, но не е тајна дека Ал Хилал бара замена за Александар Митровиќ, кој не е во плановите на Симоне Инзаги.
Во случај Левандовски да прифати огромна сума од Арапите, Ханси Флик ќе смета на Феран Торес и Маркус Рашфорд во шпицот на нападот.
Да ве потсетиме, Барса го донесе Левандовски во летото 2022 година од Баерн Минхен за 45.000.000 евра + 5.000.000 преку бонуси. Полјакот ја оправда инвестицијата, бидејќи помогна да се освојат две титули во Ла Лига, Купот на Кралот, два Суперкупа на Шпанија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Томас Милер се сели во Канада

Легендата на Баерн Минхен, Томас Милер има нов клуб.
Милер, на крајот од сезната по 25 години го напушти Баерн. Кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, во екипата на Ванкувер Вајткепс, објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Тој потпиша двегодишен договор со канадскиот тим.
Германецот одигра дури 756 натпревари во дресот на Баерн, а дебитираше во 2008 година.
Фото/ Принскрин