Црна хроника
Maж загина во пожар во викендичка во Прилеп
Пожар избувна утрово во викендичка во Прилеп, при што загина 89-годишен маж.
„Во полицијата е пријавено дека околу 7 часот настанал пожар во викенд-куќа на местото наречено Бегова Ливада, Прилепско, во која живеел Т. М. (89), кој починал на самото место“, информираат од МВР.
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, а од страна на јавен обвинител телото му е предадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Физичка пресметка меѓу охриѓанки: по кавга меѓу две деца, се истепаа мајките
Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36-годишната П.В. и 35-годишната М.Т., двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, извести СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден тетовчанец во судир на два автомобили
Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Тешко повредена девојка од Скопје откако четирицикл излета од земјен пат во Галичник
Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.