Свет
„Модерна“ започна клинички испитувања на вакцината против омикрон
Фармацевтската компанија „Модерна“ започна со клинички испитувања на вакцината против коронавирус, која го таргетира сојот омикрон, објави американската компанија.
Првите учесници во втората фаза од клиничкото испитување веќе добија бустер-доза со таргетирање на омикрон, објави CNBC.
„Модерна“ очекува во тестирањето да учествуваат околу 600 полнолетни граѓани, кои се поделени во две групи. Учесници во првата група се луѓе кои примиле две дози од оригиналната вакцина на „Модерна“, а учесниците во втората група добиле постоечка, одобрена бустер-доза. Учесниците во двете групи ќе добијат по една доза бустер-вакцина наменета за омикрон.
Компанијата го објави и фактот дека бустер-дозата од 50 микрограми добро штити од омикрон.
Шест месеци по примањето на постоечката трета доза, антителата кои го блокираат омикронот опаднале, но можело да се најдат во крвта на сите учесници, соопшти фармацевтската компанија. Податоците покажуваат дека јачината на бустер-дозата слабее со текот на времето, но дека сепак обезбедува заштита од новиот сој.
Неутрализирачките антитела добиени по засилената доза се намалуваат 6,3 пати побрзо кога ќе се соочат со омикронот, во споредба со оригиналниот вид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад
Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви на белоруска територија, што може да се користи за терористички акти во Русија.
Алејник за РИА Новости изјави дека во текот на оваа и минатата година биле запрени 40 канали за транспорт на оружје и експлозиви од Украина на територијата на Белорусија и оценил дека тоа е загрижувачка информација.
Тој додаде дека Комитетот за безбедност на Белорусија неутрализирал 20 и притворил околу 30 диверзанти кои преминале од Украина во Белорусија и подготвувале терористички акти.
Свет
Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад
Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми во Украина.
„Меѓу оштетената цивилна инфраструктура е и високонапонскиот објект „Укренерга“. Екипите за поправка на „Укренерга“ работат на постепено враќање на снабдувањето со енергија на потрошувачите“, изјавил операторот, а пренесува „Укринформ“.
Во соопштението се додава дека руските напади врз енергетските капацитети во регионот Харков не престануваат и дека во неделата од безбедносни причини била исклучена опремата на локалната регионална енергетска компанија.
Регион
(Фото) Трагедија: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила в река во Албанија
Полицијата во Албанија соопшти дека мајка со три деца се фрлила во реката Бојана и дека нејзиниот маж е уапсен. Полицијата го уапсила Ергис Арази (31) поради насилство врз сопругата Алма Арази (39), која наводно се самоубила со трите деца. Децата беа на возраст од девет, шест и четири години, пишува Блиц, кој пренесува на порталот Euronews.al.
View this post on Instagram
По трагичниот настан, рибар го пронашол телото на 9-годишната ќерка, а надлежните се уште трагаат по телата на мајката и уште двете деца кои исчезнаа пред три дена. Полицијата наведува дека постои сомневање дека мајката го напуштила станот со децата бидејќи сопругот ги малтретирал. Тој додава дека Арази (31) и претходно бил осуден за обвиненија поврзани со дрога.