Контакт

Вести

Разузнавањето на САД смета дека бунтовниците ‘по грешка’ го урнале авионот

Објавено пред

Американските разузнавачки служби веруваат дека проруските бунтовници во источна Украина „веројатно по забуна“ го урнале малезискиот патнички авион, но не пронашле директна вмешаност на руските власти во падот на „Boeing 777“ со 298 патници и членови на екипажот, од кои 85 се деца.

dobivaj vesti na viber

Американските разузнавачи на специјален брифинг со медиумите признале дека Вашингтон не располага со никаква информација за директна вмешаноста на руските власти во трагедијата. Но истовремено на брифингот тврделе дека Русија „создала услови“, кои во крајна линија и довеле до несреќата на небото над источна Украина. Покрај тоа, повторно ја обвиниле Москва дека „продолжува да им доставува на украинските бунтовници оружје, меѓу другото и средства за противвоздушна одбрана и тенкови“, пренесува Reuters„Сѐ уште утврдуваме дали постои директна руска улога, дали на теренот имало Руси и дали ги обучувале сепаратистите“, изјави во одделна изјава ноќта кон средата за CNN, заменикот советник на американскиот претседател за национална безбедност, Бен Родес.Руските медиуми, пак, истакнуваат дека сепак на брифингот не била изнесена ниедна техничка информација, којашто би го поткрепила тврдењето на американската администрација за тоа дека во уривањето на малезискиот авион учествувале проруските украински бунтовници.Американските разузнавачи заклучиле дека авионот во источна Украина „веројатно го урнале проруските сили со ракета СА-11, а авионот веројатно бил гаѓан по грешка“, пренесува Итар-Тасс.Американските разузнавачки извори, исто така, рекле дека до уривањето на авионот, на САД не им било познато дека проруските бунтовници располагаат со такво оружје, односно ракетен систем „Бук-М1“, за кој руската страна тврди дека еден таков на украинската армија бил активен на 17-ти јули во времето на падот на малезискиот авион, пренесува германската агенција DPA. Брифингот на американското разузнавање доаѓа како одговор кој претходно во понеделникот го најави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, на изјавите исто така од понеделникот на началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на руската армија, генералот Андреј Картаполов кој на прес-конференција во Москва изјави дека авион од типот „Сухој Су-25“ на украинскиот воздухопловни сили се наоѓал на 3 до 5 километри од малезискиот авион кој подоцна се урна. Според него, тоа го регистрирал американски воен сателит.Картаполов на прес-конференцијата се обрати директно до САД со молба да ги достават снимките од тој сателит. „Според нашите пресметки, од 17.06 до 17.21 часот (по московско време) на 17-ти јули над југоисточните области на Украина прелетал американски вселенски уред, овој апарат е експериментален космички систем развиен за откривање и следење лансирање ракети со различни дострели“, рече Картаполов. „Доколку американската страна поседува снимки од тој сателит, би ги замолил да ги обезбедат за меѓународната задница за детално проучување. Случајно или не, меѓутоа трагедијата на малезискиот Boeing и времето на набљудувањето на американскиот сателит на украинската територија се совпаѓаат“, изјави Картаполов./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...

Македонија2 часа

Условно осудени седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија5 часа

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ6 часа

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија6 часа

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа6 часа

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет6 часа

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион7 часа

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион23 часа

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија23 часа

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија1 ден

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија1 ден

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија1 ден

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија1 ден

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија1 ден

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија1 ден

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет1 ден

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет1 ден

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет1 ден

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...