Македонија
26 починати лица, регистрирани 1.908 новозаразени од коронавирус
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 5.834 теста, а регистрирани се 1.908 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 972, Кавадарци – 112, Куманово – 111, Битола – 105, Велес – 62, Тетово – 58, Прилеп – 54, Неготино – 46, Струмица – 45, Охрид – 43, Гостивар – 34, Гевгелија – 30, Штип – 27, Кичево и Кочани – по 24, Радовиш – 22, Ресен – 21, Валандово – 17, Крива Паланка – 16, Струга – 15, Свети Николе – 12, Берово и Богданци – по 10, Делчево – 9, Виница – 5, Демир Капија и Пехчево – по 4, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод – по 3, Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Дојран – 1 .
Од вкупниот број позитивни (1.908), регистрирани се 254 реинфекции.
Регистрирани сe 1.129 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 77, Битола – 61, Прилеп – 52, Куманово – 30, Охрид – 26, Кочани – 23, Тетово – 18, Неготино и Гостивар – по 17, Струмица – 16, Кавадарци и Гевгелија – по 14, Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 12, Струга и Делчево – по 10, Велес и Штип – по 9, Виница, Кратово и Крушево – по 8, Радовиш и Македонска Каменица – по 7, Берово – 4, Богданци , Македонски Брод и Демир Хисар – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Валандово, Свети Николе , Дебар , Пробиштип и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 22 починати лица: 5 од Скопје (53, 69, 69, 75 и 75), по 2 од Битола (74 и 85), Велес (68 и 93), Куманово (78 и 82) и Свети Николе (52 и 78) и по едно починато лице од Кавадарци (57), Кичево (65), Македонски Брод (60), Неготино (73), Охрид (65), Прилеп (82), Радовиш (81), Ресен (63) и од Струга (83). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови..
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени
се 4 починати лица, и тоа од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56 до 79 години. Пријавените се починати во периодот од 4.1.2022 до 26.1.2022 година. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.
Од вкупниот број починати лица (n=26), седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 5.834 теста преку: ИЈЗ – 636, ЦЈЗ Скопје – 85, ЦЈЗ Битола – 92, ЦЈЗ Прилеп – 48, ЦЈЗ Тетово – 15, ЦЈЗ Куманово – 105, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 15, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 157, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 160, „Авицена“ – 214, „Биотек“ – 263, „Систина“ – 117, лабораторија „Лаор“ – 137, „Синлаб“ – 45, „Ремедика“ – 13, „Плодност“ – 72, „Генеа“ – 27, „Никоб лаб“ – 683, „ВФВ медикал“ – 100, „Ели медика“ – 43, „Ројал медика“ – 27, „Спектра-ММ“ – 45, „Рапид лаб“ – 38, „Жан Митрев Струмица“ – 24, „Нова лаб дијагностика“ – 16, „Рамус“ – 46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 2.609.
Досега во земјата се направени вкупно 1.773.325 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 265.101, бројот на оздравени пациенти е 239.581, на починати е 8.338, а бројот на активни случаи изнесува 17.182.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 120.433, Активни 8.755
Куманово 14.689, Активни 759
Прилеп 12.640, Активни 539
Битола 12.595, Активни 1266
Тетово 12.289, Активни 515
Кавадарци 8.823, Активни 768
Гостивар 8.711, Активни 331
Велес 8.391, Активни 472
Охрид 7.874, Активни 384
Штип 7.464, Активни 316
Струмица 7.123, Активни 384
Кичево 4.894, Активни 271
Кочани 4.584, Активни 218
Струга 4.339, Активни 181
Гевгелија 3.698, Активни 384
Неготино 3.123, Активни 259
Свети Николе 2.407, Активни 133
Ресен 2.333, Активни 216
Радовиш 2.212, Активни 174
Крива Паланка 2.184, Активни 88
Делчево 1.742, Активни 126
Берово 1.640, Активни 79
Дебар 1.499, Активни 20
Валандово 1.346, Активни 134
Виница 1.280, Активни 45
Пробиштип 1.246, Активни 32
Кратово 872, Активни 24
Богданци 853, Активни 86
Крушево 816, Активни 42
Демир Хисар 761, Активни 51
Македонски Брод 628, Активни 28
Македонска Каменица 494, Активни 31
Демир Капија 487, Активни 28
Пехчево 422, Активни 32
Дојран 209, Активни 11
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.
Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.
Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.
Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.
Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.
„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.
Македонија
Нова опрема за анализа на тешки метали во почвата во Државната лабораторија за животна средина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска ја посети Централната лабораторија при Министерството, каде најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици.
Тој нагласи дека модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за точни и навремени податоци во интерес на јавното здравје. Целта е да се обезбедат стабилни услови за работа и долгорочно унапредување на капацитетите.
Во рамки на посетата беше нагласено дека Лабораторијата успешно ја обнови акредитацијата за наредните четири години за вкупно 20 методи, од кои една за мерење на амбиентална бучава и 19 за индустриски отпадни води и за површински води. Она што следува е забрзување на процесот на акредитација на методите за мерење на загадувањето на воздухот од стационарни извори.
Дополнително,во рамки на посетата беше презентиран новиот ICP-MS инструмент, кој овозможува анализа на тешки метали во почва, вода и воздух и со кој значително ќе се унапредат аналитичките капацитети на Државната лабораторија за животна средина.
Македонија
Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик
По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од поголем јавен интерес.
Судот не поведе постапка за оценување на одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се однесуваат на исплата на пензиите во земјата.
Подносители на иницијативите се Игорчо Точев, Љубомир Сандевски, Темелко Ристески и Кире Батев.
Претседателот Костадиновски изјави дека мнозинството судии оценило оти пензионерите кои ја примаат пензијата во државата и оние што ја примаат надвор од неа се во иста правна, но не и во иста фактичка состојба. Според него, за повреда на членот 9 од Уставот, кој се однесува на еднаквоста, потребно е субјектите да бидат во иста правна и фактичка положба, што во овој случај не е исполнето.
Тој посочи дека мерката има социјален карактер и легитимна цел – ублажување на последиците од растот на трошоците и инфлацијата. Додаде дека по истекот на времените услови утврдени со мерката, се враќа редовното законско усогласување на пензиите, кое важи и за лицата што не живеат во земјата.
Судијата-известител Осман Кадриу изјави дека предложил да се поведе постапка, но не добил мнозинство гласови. Тој оцени дека со оспорените одредби се врши дискриминација врз пензионерите кои живеат надвор од државата и дека им се ускратуваат правата на зголемување и усогласување на пензиите.
Во однос на предметите У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023, кои се однесуваат на измените на Кривичниот законик, Судот ја запре постапката, оценувајќи дали Законодавецот постапил согласно насоките од претходното решение со кое беше поведена постапка.
Мнозинството судии констатирале оти во формален аспект Законот е донесен согласно процедурите. Во однос на материјалната уставност, дел од судиите сметале дека новото решение не е идеално, но е подобро од претходното.
Тој нагласи дека евентуално поведување нова постапка и укинување на законот би создало правен вакуум и правна празнина во санкционирањето на злоупотребите на јавни средства, поради што мнозинството одлучило да ја запре постапката, водејќи се од принципите на правна сигурност и предвидливост.
Судијата Кадриу изјави дека гласал против запирањето на постапката, наведувајќи дека, иако Законодавецот ја испочитувал формалната процедура, не постапил целосно по одлуката на Уставниот суд во материјалниот дел.

