Црна хроника
Околу 120 жени со нелегална работа во тетовско откриени годинава

Годинава на подрачјето на Тетово спроведени се дваесетина контроли во угостителски објекти, кафеани и барови, при што биле затекнати 75 странски државјанки и четириесетина девојки од Македонија од кои три биле малолетни, соопшти СВР Тетово
Четириесет и седум од девојките биле од Албанија, 22 од Србија и осум од Бугарија, додека девојките од Македонија биле од различни градови од земјава, претежно од нејзиниот источен дел. Најголемиот број од затекнатите девојки на возраст од 18 до 45 години во објектите работеле нелегално, без соодветно законски регулиран престој, вработување и осигурување, најчесто како пејачки, танчерки и друг угостителски персонал и поради тоа сопствениците на објектите се соочиле со адекватни пријави“, рече портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.Надлежните служби на МВР и СВР Тетово преземаат оперативни и други активности за откривање, односно за утврдување на нивната евентуална инволвираност во проституција или трговија со луѓе, по што ќе постапат согласно важечката законска регулатива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.