Контакт

Македонија

Арсовски: Во изминатите четири години за функционерите од СДСМ за огромни афери и скандали нема судска разрешница

Објавено пред

На денешната трибина „Корупцијата на СДСМ, столбот на неуспехот на Македонија“ која се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, говореше портпаролот Димче Арсовски кој што истакна неколку крупни афери во изминатите четири години на функционери од СДСМ како случајот „Рекет“ случајот со Ден Дончев, Лидија Димова, Драги Рашковски кои што немаат никаква судска завршница иако се поднесени кривични пријави.

dobivaj vesti na viber

„Како што знаете буквално изминативе четири години од самиот момент на доаѓање на власт на СДСМ, па се до денес најголемиот дел од аферите кои што ги извадивме нема никаква завршница, со поднесени кривични пријави, значи не се само тоа афери кои што се извадени во јавност туку и се поднесени кривични пријави бидејќи сите веруваме дека еден ден Македонија може да биде правна држава која што навистина ќе ја носи правдата“, истакна Арсовски.

Портпаролот Димче Арсовски истакна неколку крупни афери и скандали на функционери од СДСМ изминативе години кои што немаат никаква судска разрешница.

„Би сакал да потсетам на неколку крупни работи, случајот „Рекет“ вистинските нарачатели како и главата на рекетот се уште не се во затвор, тоа знаеме сите кои се на Илинденска бб, Владата, случајот со Ден Дончев исто така рекет човекот кој што јавно на социјалните мрежи го видовме каде што тој многу лагано и лагодно комфорно си зема купчиња пари, си ги става во својата торбица се уште нема никаква разрешница. Напротив човекот не само што не е тука присутен во правосудните простории на судот, туку според нашите информации веќе и е отселен чинам во Австралија заедно со фамилијата“, нагласи Арсовски.

Арсовски потсети и за скандалите и аферите за функционерите на СДСМ во изминатите четири години како случајот со Фондот за иновации и случајот Драги Рашковски.

„Фондот за иновации каде што за цели четири години се сменија тројца директори, практично кој како доаѓа се повеќе и повеќе краде, се повеќе и повеќе излегуваат афери за случаеви каде што се делат по 50 илјади евра за пица, која што е далеку позната во светот, оние случаеви на грантови од 11 милиони евра во 2018 година каде што ги поделија на свои високи функционери од СДСМ, каде што исто така нема разрешница, потоа директорката Лидија Димова која што беше во националната агенција за мобилност и европски фондови каде што се даваа на фризерница пари за едукативни грантови се даваа грантови за тренирање магариња се уште нема никаква разрешница од обвинителството и судот напротив сега таа бара оштета од институцијата што е навистина смешно. Случајот со Драги Рашковски каде што целата јавност ја навредува интелигенцијата со оние изјави дека неговите деца замислете 300 илјади евра собрале на мекици и за родендени што е навистина смешно и само ја покажува забеганоста на оваа гарнитура на СДСМ. Сите овие случаеви се заташкани од страна на власта и има обид да бидат ставени во фиока за да не го видат лицето на правдата и никогаш никој да не одговара за целиот овој криминал кој што го имаат правено и се уште го прават, но набрзо ќе биде прекинат по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт“, заклучи Арсовски.

„За целиот овој криминал кој што го правеле СДСМ, најпозитивната работа е што ќе имаат и добро потковани адвокати, кои можеби нема да им наплатат за нивните услуги што тогаш ќе ги бранат за кривичните дела бидејќи изминатиов период навистина добро наплатиле од државните институции по основ на паушали“, истакна Арсовски.

Немаат никаква обврска од тие институции од каде што земале прилично сериозна сума на пари кои се незамисливи за обичниот народ.

Пратеничката Снежана Калеска-Ванчева која е и претседател на форумот на жени на СДСМ, е долгогодишен адвокат која е добро позната на јавноста, патем, со тоа реноме можеби и влезе во политиката. Истата таа госпоѓа која секојдневно говори насекаде дека Македонија треба да почива на столбот на правдата и да биде правна држава, е основач на друштвото „ДЕЛЕГЕ”, каде што има и партнерка. Истото тоа адвокатско друштво, изминативе две и пол до три години инкасирало 55.000 евра по основ на паушали од пет државни институции. Петте државни институции се раководени од кадри на СДСМ. МОН, таму беше Мила Царовска во тоа време, потоа таму каде што беше Лидија Димова за европски фондови и мобилност, Агенцијата за странски инвестиции, за енергетика и студентскиот центар каде што беше Дарио Николовски, исто така нивни близок човек до СДСМ. И замислете, еден човек одел на три позиции и си го ангажирал истово друштво, никој не може да ми каже дека е случајно и дека тука нема никаква ургенција од страна на Калеска-Ванчева.

Македонија

Првите подводни археолошки истражувања во Преспанското Езеро открија редок органски материјал

Објавено пред

Преспанското Езеро годинава е во фокусот на значаен археолошки настан, откако за првпат во овој регион беа реализирани подводни археолошки истражувања, кои донесоа исклучително вредни откритија за културното наследство на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Истражувањата се спроведуваат од НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам „Љубојно“, во рамките на проектот ACT4PRESPA. Целта е идентификација, документација и заштита на археолошките богатства во и околу Преспанското Езеро.

Во првите две фази, стручен тим спроведе рекогносцирање на македонскиот дел од преспанското крајбрежје, од границата со Република Грција до границата со Република Албанија. При тоа беа евидентирани и документирани 11 археолошки локалитети. Како најзначаен се издвојува локалитетот во близина на селото Наколец, каде што започнаа сондажни археолошки истражувања, реализирани во два циклуси.

„Ова е исклучително значаен момент за Преспа. За првпат имаме можност да навлеземе во археологијата на езерото и да откриеме слоеви од минатото кои досега беа целосно непознати“, изјави Орданче Петров, раководител на тимот за подводна археологија.

Поради повлекувањето на нивото на езерото, дел од локалитетите излегоа на копно, што овозможи детални сондажни истражувања. На локалитетот кај село Наколец е откриен дел заштитен со дрвена палисада, како и голем број движни археолошки предмети. Особено значајно е откривањето на предмети изработени од органски материјали – дрвени алатки, рачки, чешли и конструктивни елементи.

Станува збор за прв и засега единствен пример на зачувани органски материјали од археолошки локалитет во Македонија, датиран од крајот на XIII до крајот на XIV век. Локалитетот кај Наколец претставува и прв познат пример на благороднички имот во македонската археологија од XIV век.

„Зачувувањето на органски материјали е навистина невообичаено. Милот и тињата на езерото создаваат средина без кислород која ги штити објектите од распаѓање, што ни овозможува уникатен увид во минатото“, објаснува Петров.

Првичните анализи укажуваат дека средновековните жители на Преспа претежно се занимавале со земјоделство, а не со риболов, што е неочекувано со оглед на близината на езерото. Податоците, исто така, сугерираат дека Преспанското Езеро во минатото било значително помало.

„Исклучителните наоди од истражувањата кај село Наколец се од непроценлива важност не само за македонската, туку и за балканската и европската археологија. Тие го збогатуваат културното наследство на Преспа и претставуваат значаен потенцијал за развој на културниот туризам во регионот“, изјави д-р Мери Стојанова, координатор на проектот ACT4PRESPA од НУ Завод и музеј – Битола.

Керамичките и металните предмети се депонирани во Завод и музеј – Битола, додека органските материјали се испратени на специјализирани конзерваторски истражувања во Лајбниц-центарот за археологија во Германија. Процесот се очекува да трае најмалку една година, по што предметите ќе бидат презентирани пред јавноста.

Истражувањата се реализираат со активна поддршка од локалната заедница, која во повеќе наврати пријавувала пронајдоци и учествувала во заштитата на локалитетите.

Проектот ACT4PRESPA се спроведува во рамките на програмата на Европската Унија за одржлив развој на регионот на Преспанското Езеро, преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Општина Центар утре без вода поради уличен дефект

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре, 16 декември 2025 година (вторник), поради уличен дефект на булеварот „Св. Климент Охридски“, спроти Соборниот храм, ќе има прекин на водоснабдувањето.

dobivaj vesti na viber

Без вода ќе останат корисниците на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до паркингот ЈАТ.

Прекинот е најавен во периодот од 08:30 часот до завршување на санацијата на дефектот, соопштуваат од претпријатието.

Засегнато подрачје е Општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Судот го потврди пуштањето на Јанева, сценариото на ДПМНЕ се реализира

Објавено пред

Денеска Кривичниот суд и официјално потврди дека на Катица Јанева ѝ е одобрен условен отпуст од затвор, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Отпустот започнува од 21.12.2025 година и трае до 21.08.2026 година. Од вкупната затворска казна од 7 години, дозволен е условен отпуст од 8 месеци.

Овие факти и периодот токму сега и до летото наредна година, во целост го потврдува сценарио од стратегијата на ДПМНЕ кое целосно го разоткивме.

Зошто сега?

Затоа што темата со мигрантите за пари стана национална тема, корупциските скандали за наместени тендери покажуваат како се крадат 14,5 милиони евра преку 161 тендер, затоа што кога нема пари во буџетот за плати и пензии а граѓаните тоа го чувствуваат секој ден.

Затоа што сега и гори на власта под нозе“.

Нивното сценарио, додаваат од партијата, е до изборите кои ги планираат наредната година.

„Јанева треба да биде искористена како алатка на ДПМНЕ во нивната црна кампања и во нападите врз СДСМ.

Кривичните пријави и политичкиот прогон, лажните вести и манипулациите, нападите врз медиумите и спроведувањето на српското сценарио во Македонија веќе не се доволни. Власта ја губи контролата и затоа мора да ги засилува нападите.
Како? По добро познати српски рецепти.

Исто како случајот со Дијана Хркаловиќ во Србија. Копи-пејст медиумска стратегија, со истите методи, истите наративи и истата цел: дефокус од суштинските проблеми и напад врз опозицијата“.

СДСМ, како што истакнуваат, јасно порачува: „Нема да ви помине Катица. Нема да ви поминат мигрантите за пари. Нема да ви помине ниту едно сценарио за манипулација и дефокус. Народот ви подготвува крај“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија3 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија3 часа

Вечерва почнува зимска бајка на Плоштад Македонија: Елката ќе светне во 18 часот, Дедо Мраз ќе стигне на 27 декември

Елката на Плоштад Македонија вечерва во 18 часот ќе биде осветлена со свечена церемонија, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски....

Македонија4 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија6 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет7 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет9 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа9 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија10 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет10 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет10 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет11 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ1 ден

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија1 ден

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет1 ден

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...

Забава2 дена

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...