Македонија
Поскапуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на одлуката од 24.1.2022 година.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,509 денари/килограм и сега ќе изнесува 44,722 ден./кг.
Од 1.2.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 79,50 (денари/литар);
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 81,50 (денар/литар);
– дизел гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 71,50 (денар/литар);
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,50 (денар/литар);
– мазут М-1 НС – 44,722 (денари/килограм).
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот 1,601 %, кај дизелот 0,766 % , кај екстра-лесното масло 0,086 % и кај мазутот 0,271 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок 1,005 %.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ поскап дизел

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,928 (денари/килограм)
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Економија
Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“

Здружението Инженери на Македонија повторно се огласи по претставката што ја поднесе на 29 мај кога во сила стапи новиот Закон за енергетиката.
Од тука велат дека добиле одговор од Регулаторната комисија за енергетика, кој е типичен пример на институционална покорност пред енергетскиот оператор ЕВН и очигледен доказ за нефункционирање на регулаторниот систем во заштита на јавниот интерес.
„Во нашата претставка баравме итно укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија, затоа што е во директна спротивност со член 185 од новиот Закон за енергетика. Дополнително побаравме итен вонреден надзор над ЕВН. Баравме РКЕ да упати јавен повик до граѓаните да пријавуваат незаконски издадени фактури. Баравме да се повика ЕВН на одговорност за континуираното прекршување на законските и договорните обврски“, велат инженерите.
Суштината на нивната претставка беше да истакнат дека мерењето на потрошената енергија е технички процес што го изведува мерниот уред, а отчитувањето е акција на операторот за прибирање на тие податоци. Се потенцира дека без отчитување, не постои правна основа за реална фактура. Сѐ што се фактурира без реален податок од мерниот уред, освен ако уредот е технички расипан, е спротивно на Законот за енергетика, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за облигациони односи и самиот Устав.
„Во одговорот што го добивме наместо Регулаторната комисија да ја суспендира примената на членот 31, кој дозволува паушално фактурирање дури и кога има валиден измерен податок, таа тврди дека тој член останува во сила сè додека не се донесат нови подзаконски акти, иако истиот е очигледно спротивен на член 185 од Законот. Со тоа, РКЕ свесно го крши уставното начело според кое секој пропис мора да биде во согласност со закон. Подзаконски акт кој е спротивен на закон автоматски ја губи правната сила. Уште пострашно е што Комисијата во својот обид да го оправда системот, се повикува на обврски на МЕПСО (операторот на преносниот систем) иако темата на претставката се однесува на мерење и фактурирање кај домаќинства, што е исклучива надлежност на ЕВН Електродистрибуција и ЕВН Хоум, универзалниот снабдувач. Ова или укажува на неспособност за разбирање на правната и техничката структура на енергетскиот систем, или на намерно заматување на одговорноста, а патем еден член на Регулаторната комисија за енергетика е стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката“, велат од Здружението додавајќи дка регулаторот дури отворено признава дека се обратил до Министерството за енергетика за „мислење“, како да е некаков пасивен извршител без самостојна надлежност.
Потсетуваат дека Регулаторната комисија, според член 46 од Законот е независно тело кое има целосна обврска да постапува по закон. Толкување на закони може да даде исклучиво Собранието. До тогаш, законот се применува таков каков што е. Барање мислење, според нив, не е основ за продолжена примена на незаконска пракса.
Оценката е дека со ваквото однесување, РКЕ ја погазува својата основна функција. Наместо да врши надзор над пазарот, како што ѝ е наложено со член 55 од Законот, таа активно го толерира кршењето на правата на потрошувачите, ја штити компанијата што има доминантна позиција на пазарот и дозволува нејзината волја да биде над законот.
Бараат веднаш да се суспендира примената на членот 31, да се поведе вонреден надзор над ЕВН и да престане практиката на фактурирање врз основа на измислена непроверлива потрошувачка. Најавија и други граѓански мерки за да се спроведе законот.
Економија
Дурмиши за владините мерки за вработување: Досега аплицираа 4.500 невработени лица, интересот е голем

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оствари работна посета во Општина Чаир, каде заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули, одржа средба со граѓани, локални бизнисмени и претставници на јавните институции.
Централна тема на средбата, како што информираа од Министерството, беше презентацијата на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2025 година, со кој Владата вложува рекордни 40 милиони евра во поддршка на вработувањето и самовработувањето.
„Ова не е само план на хартија – ова е реална можност за над 10.000 лица да добијат пристојно работно место, поддршка за сопствен бизнис или обука на терен. Според последните информации со кои располагам поднесени над 4.500 апликации, што покажува голема доверба во мерките и подготвеност на граѓаните да преземат иницијатива“, изјави министерот Дурмиши.
Посебен акцент беше ставен на Мерка 3.1 – Обука кај познат работодавач, една од најдиректните форми на подготовка за вработување. Преку оваа мерка: работодавачите добиваат можност да обучат идни вработени според свои потреби, невработените лица стекнуваат конкретни практични вештини во реална работна средина, се создава можност за долгорочно вработување по завршување на обуката.
„Мерка 3.1 е мост меѓу невработените и работодавачите. Таа нуди обострана корист – компаниите добиваат обучен кадар, а граѓаните добиваат шанса за стабилна работа, рече Дурмиши.
Со Оперативниот план министерот потсети дека се активни и мерките за самовработување каде е особено голем интересот кај младите до 29 години за што се пристигнати повеќе од 3.000 апликации – мерка 1.1: До 7.000 евра за бизнис за лица над 29 години, мерка 1.2: До 10.000 евра за млади до 29 години со иновативни идеи, мерка 1А: До 20.000 евра за заеднички бизниси на најмалку две лица.
„Преку теренските презентации, Министерството за економија и труд, заедно со Агенцијата за вработување имаат за цел директно да ги информираат граѓаните и да ги поттикнат да аплицираат. По Чаир, каде што интересот беше особено голем, следуваат посети во Гостивар, Кичево, Сарај, Липково и други општини со повисока стапка на невработеност“, велат од Министерството.