Црна хроника
Возила во Гостивар вршеле превоз без технички преглед и без потребната опрема
Денеска, во периодот од 6 до 9 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар спровеле акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници, пред сѐ, автобуси и комбиња.
При контролата биле откриени и санкционирани 2 возила без извршен технички преглед и 1 возило со недостиг на потребна опрема.
На возилата прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, а 1 возило е исклучено од сообраќај.
Покрај ова, во контролата санкционирани се и 5 други сообраќајни прекршоци за кои се изготвени поднесоци и кои ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.