Црна хроника
Кривична пријава против поранешен директор на училиште во Кумановско, ја злоупотребил службената положба
Против С. Ш. (63) од с. Романовце, Кумановско, е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Според полицијата, пријавениот, вработен како директор во основното училиште „Кирил и Методиј“ во с. Романовце, во текот на 2018 година не ѝ го прекинал работниот однос на вработената С. Џ. Е. во согласност со законот, колективниот договор и претходно донесеното решение од ОЈО Куманово за одземање на дипломата, констатирано со записник од страна на Државниот просветен инспекторат на Република Северна Македонија, и допуштил таа да врши воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома.
На ваков начин предизвикана му е штета на буџетот на Република Северна Македонија од 695.621 денар, кои ѝ биле исплатени на вработената по основ на плати и придонеси за социјално и здравствено осигурување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца уапсени во Валандово за управување возило под дејство на алкохол и за поседување дрога
Ноќеска во 00:08 часот на улицата „Првомајска“ во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово ги лишија од слобода Т.П.(32) и Р.А.(28), двајцата од село Миравци, гевгелиско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта.
Додека, при преглед во возилото, во кое сопатник бил Р.А., е пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот, против Т.П. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

