Македонија
Ковачевски – Бренан: Капацитетите и поддршката на ИРИ во процесот на реформи важни за развојот на нашето општество

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, заедно со генералниот секретар Миле Зечевиќ попладнево се сретна со новиот директор на Меѓународниот републикански институт за Македонија, Крис Бренан.
На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми и поддршката на ИРИ во процесот на реформи за развој на демократијата во општеството. Претседателот Ковачевски му посака добредојде на директорот Бренан, заблагодарувајќи му се за она што Институтот го има реализирано за земјава, но и заедно со СДСМ.
„ИРИ и за СДСМ и за Северна Македонија е долгогодишен сериозен партнер кој досега давал придонес во важни процеси како за институциите на државата, така и за СДСМ. Секој проект, истражување и препорака од ИРИ, за СДСМ носеле резултати и позитивно влијаеле врз функционирањето на партијата. Како партија, но и како Влада сериозно сметаме на капацитетите и поддршката на ИРИ во процесот на реформите кои се важни за нашето општество“, порача Ковачевски.
Осврнувајќи се на актуелната политичка состојба, Ковачевски истакна дека фокус на новата Влада е решавање на енергетската и економската криза преку ефикасни навремени мерки и политики, како и продолжување на евро-атланскиот пат.
„Успеавме да ја решиме кризата со топлинска енергија во Скопје, имаме одговор на глобалната енергетската криза преку максимална мобилизација на сите домашни производствени капацитети. Паралелно на тоа работиме на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, ликвидност на компаниите и економски раст. Оваа година ќе се посветиме на капитални инвестиции кои ќе креираат забрзан раст на економијата“, посочи претседателот Ковачевски додавајќи дека сега не е време за предвремени избори, туку за поангажирана и поефикасна работа на сите полиња.
Директорот на ИРИ, Бренан, му го честиташе мандатот на претседателот Ковачевски, изразувајќи надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).