Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Освен матни софтвер-иновации, со Рашковски се поврзува и милионски тендер во „Дрисла“
СДСМ молчи за скандалот со фирмата блиска до Рашковски, која зела тендери од 850 илјади евра од „Дрисла“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Фирмата ‘Алпима градба’ од Струмица во 2019 и во 2020 изнајмувала машини во ‘Дрисла’ во износ од речиси еден милион евра. Оваа фирма е во сопственост на Пипервалиев, човек близок до Драги Рашковски, омилениот лик и десна рака на Зоран Заев“, велат од партијата.
Овој договор, како што додаваат, е склучен во четири очи веднаш штом „Дрисла“ стана јавно претпријатие, без јасни критериуми.
„Како да нема друга компанија во Скопје и во Македонија која нема механизација што може да биде ангажирана на Дрисла, па морало да биде ангажирана компанија од Струмица во сопственост на човек близок до Рашковски. Ете како власта на заевизмот во екот на здравствената криза ѝ делела матни тендери во износи од речиси милион евра на фирмa блискa до функционери на власта. Ова е уште еден показател дека Зоран Заев го преслика на централно ниво системот на испумпување народни пари што го применуваше во Струмица. Тандемот Заев и Рашковски одлично функционирал, штом фирми блиски до нив добивале тендери од софтвер, па сѐ до депонии“, се вели во партиското соопштение.
Од опозициската партија бараат одговорност од сите фактори во овие зделки затоа што недомаќински се трошеле парите на народот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.
Македонија
Сончево време со мала до умерена облачност, температурата до 10 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени.
До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст.
Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.

