Македонија
35 починати лица, регистрирани 2000 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 1.096, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, Гостивар – 36, Охрид – 30, Струга – 26, Валандово – 25, Неготино – 24, Кичево – 23, Делчево – 20, Ресен и Радовиш – по 19, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Штип – 8, Свети Николе и Демир Хисар – по 7, Дебар и Богданци – по 6, Виница и Кратово – по 5, Македонска Каменица – 4, Берово и Демир Капија – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (2.000), регистрирани се 267 реинфекции.
Регистрирани сe 806 оздравени пациенти од: Кавадарци – 181, Куманово – 127, Велес – 114, Гевгелија – 83, Неготино – 61, Скопје – 58, Кочани, Штип и Свети Николе – по 27, Богданци – 23, Виница – 16, Радовиш – 14, Делчево – 10, Демир Капија – 9, Берово – 7, Пехчево – 4, Тетово, Струмица, Македонска Каменица и Дојран – по 3, Охрид и Крива Паланка – по 2, Кратово и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 6 починати лица од Скопје (35 г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по 3 починати лица од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), 2 починати лица од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Скопје (3), Кавадарци (2), Струга (2), Дебар(1), Свети Николе (1), Радовиш (1), Штип (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 61 г до 89 г. Од пријавените лица, 11 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 24.12.2021 -30.01.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=35), 13 лица се целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 5.779 тестови преку: ИЈЗ-577, ЦЈЗ Скопје-109, ЦЈЗ Битола-111, ЦЈЗ Прилеп-79, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-222, Биотек-286, Систина-143, лабораторија Лаор-122, Синлаб-40, Ремедика-38, Плодност-87, Генеа-33, Никоб Лаб-649, ВФВ Медикал-106, Ели Медика-55, Ројал Медика–24, Спектра-ММ-58, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–27, Нова Лаб Дијагностика–38, Рамус-38, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.624.
Досега во земјата се направени вкупно 1.794.030 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 270.897, бројот на оздравени пациенти е 247.670, на починати е 8.444, а бројот на активни случаи изнесува 14.783.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 123581, Активни 8143
Куманово 14946, Активни 575
Битола 12926, Активни 988
Прилеп 12811, Активни 476
Тетово 12484, Активни 508
Кавадарци 9101, Активни 576
Гостивар 8819, Активни 305
Велес 8527, Активни 317
Охрид 7973, Активни 299
Штип 7552, Активни 199
Струмица 7276, Активни 376
Кичево 4965, Активни 215
Кочани 4644, Активни 132
Струга 4402, Активни 152
Гевгелија 3808, Активни 248
Неготино 3215, Активни 201
Свети Николе 2449, Активни 93
Ресен 2387, Активни 176
Радовиш 2273, Активни 131
Крива Паланка 2226, Активни 99
Делчево 1790, Активни 98
Берово 1650, Активни 40
Дебар 1510, Активни 20
Валандово 1386, Активни 117
Виница 1297, Активни 37
Пробиштип 1256, Активни 22
Богданци 887, Активни 63
Кратово 885, Активни 26
Крушево 823, Активни 22
Демир Хисар 769, Активни 30
Македонски Брод 641, Активни 34
Македонска Каменица 503, Активни 19
Демир Капија 495, Активни 20
Пехчево 428, Активни 19
Дојран 212, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мирчевски ексдиректор на СОЗР направил низа злоупотреби во СОЗР за време на владеењето на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Пеце Мирчевски ексдиректор на СОЗР направил низа злоупотреби во СОЗР за време на владеењето на СДС. Тој е синоним за начинот на владеење на функционерите од СДС, криминал, аздисаност и личен профит. Секојдневно на површина излегуваат докази за криминалното владеење на СДС, Филипче и нивните партиски функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија посочуваат дека Државниот завод за ревизија извршил ревизија каде што утврдил дека се направени низа пропусти и злоупотреби за време на СДС и нивниот ексдиректор на СОЗР Пеце Мирчевски.
„Низа системски слабости од нефункционални финансиски контроли во бифеата, преку проблематични вработувања, до несоодветно управување со државниот имот, откриле државните ревизори во работењето на Службата за општи и заеднички работи за време на владеењето на СДС и Пеце Мирчевски.
Ексдиректорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, ја пренатрупал службата со партиски кадри без соодветно образование и сертификати“.
Според соопштеното од ВМРО-ДПМНЕ, во 2024 година биле исплатени 3.274 илјади денари за 21 привремено ангажирано лице, од кои дел извршувале редовни работни задачи, вклучително и раководни функции.
Ревизорите, потсетуваат од оваа партија, укажуваат дека овие позиции законски бараат високи стручни квалификации и сертификати, а предупредуваат и дека големиот број привремени ангажмани, честата кадровска флуктуација и недоволното вложување во обука претставуваат ризик за континуитетот и квалитетот на услугите.
„Мирчевски е синоним за недомаќинско работење, аздисаност и празнење на државните сметки.
Миречевски има низа пропусти и скандали позади себе. ЈО исто така имаше отворено предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски, кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.
СДС е партија каде нејзините функционери додека биле на власт, наместо за државата и интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и профит на блиски лица до врхушката на СДС“.
Македонија
(Видео) Филипче: Протестите за возачките дозволи не се начин, власта треба да понуди решенија за сите граѓани
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека протестите на дел од граѓаните поврзани со возачките дозволи и системот „Сејф сити“ не се начин за решавање на проблемите, но дека Владата има обврска да понуди институционални и законски решенија за сите категории граѓани.
„Сметам дека протестите не се начинот да се бара решението. Ние кажавме на почетокот за законот што сметаме дека е добро, а што сметаме дека е лошо, и тоа е начинот за да се најдат решенијата“, изјави Филипче.
Тој истакна дека власта не треба да ги игнорира општествените проблеми, туку напротив, да се отворат како теми за сериозна дебата и одговорна политика, при што владата мора да реагира секогаш кога постои немир кај граѓаните.
„Улогата на владата е да излезе во пресрет на сите. Значи прекршување на закон не смее да се толерира, меѓутоа мора да се разговара со луѓето, да види кои се проблемите и да им се понуди решенија за да може да функционираат понатаму.
Воедно, во одговор на новинарското прашање, Филипче ги демантираше информациите дека СДСМ стои зад протестите на дел од граѓаните Роми.
„Не. апсолутно демантирам“, рече Филипче.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, кажа дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја.
Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, нефункционални институции и долгови од речиси 300 милиони евра. На сметката на градот имало само осум милиони денари реално расположливи средства, додека истиот ден чекале извршни решенија од 48 милиони денари.
Во само два месеци, како што информираше, намалени се повеќе од 40 милиони евра обврски на Градот и јавните претпријатија, нормализирана е исплатата на платите во Дрисла, Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Лајка, Флораком и Луна, каде што претходно, како што кажа, се доцнело по две плати.
Градоначалникот кажа дека Буџетот за 2026 година изнесува 5,2 милијарди денари – зголемен за 12 проценти. Пренесен е вишок од 482,9 милиони денари, со што за првпат по долги години Град Скопје има повеќе пари отколку обврски.
„Тоа ни овозможи да тргнеме во најголемата инвестициска офанзива досега. Капиталните инвестиции се зголемени за 33,4 проценти, а веќе се реализирани 389,7 милиони денари, при што јануари 2026 година е најуспешен јануари по приходи и реализација“, кажа Ѓорѓиевски.
Градоначалникот им се заблагодари на граѓаните кои го платиле данокот на имот и информираше дека се блокирани 17.694 сметки за долг од 1,3 милиони евра за 2021 година, како и дека во наредните 15 дена се очекува подмирување на обврските од 2022 до 2025 година од вкупно 96.562 физички лица и 2.335 правни субјекти во износ од 19,5 милиони евра.
„Ред мора да има. Секој денар во буџетот значи повеќе проекти и подобар живот за сите“, порача тој.
На крајот, Ѓорѓиевски нагласи дека ова е само почеток на финансиската консолидација и целосната трансформација на градот.
„Наследивме долгови, но градиме иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта. Ќе го направиме Скопје модерен, чист, функционален и достоинствен град. Нема враќање назад. Нема изговори. Само резултати. Заедно ќе успееме. Време е скопјани да живеат подобро, време е градот да застане цврсто на нозе и да оди напред“, кажа тој.

