Регион
Црна Гора ги фрла неискористените вакцини со изминат рок
Само 5.000 дози руска вакцина се препратени во пунктовите за вакцинација во Црна Гора од октомври минатата година, пишуваат медиумите во регионот.
Досега, според последните анализи, уништени се 27.754 дози од разни производители, претежно од „Астра зенека“.
Речиси 35.000 дози од руската вакцина „спутник в“, чија важност истекува на крајот на овој месец, се неискористени, изјавиле од „Монтефарм“.
Од институцијата известуваат дека имаат резерва 16.790 први дози од руската вакцина, како и 18.080 втори дози. Тие вакцини имаат рок на траење до 28 февруари годинава.
Последниот контингент со 40.000 дози од таа вакцина, што ја купи државата, пристигна во Црна Гора кон средината на октомври минатата година, што значи дека досега во пунктовите за вакцинација се препратени нешто повеќе од 5.000 дози.
За помалку од една година од почетокот на имунизацијата против коронавирусот во Црна Гора, вкупно 27.754 дози вакцини од различни производители се уништени поради рокот на траење.
Ова го изјавија од „Монтефарм“ и објаснија дека вакцините на кои им истекол рокот веднаш по повлекувањето, биле испратени до фирмата „Хемосан“ од Бар, која се занимава со натамошна дистрибуција на медицински отпад за уништување, пренесуваат тамошните медиуми.
Црна Гора, според написите во медиумите, заостанува зад земјите од Европската Унија по процентот на вакцинирана популација. Некои европски земји одлучија да донираат вакцини пред истекот на рокот за некои земји од третиот свет, каде што само неколку проценти од населението е вакцинирано.
Вакцинирањето на приоритетните групи во Црна Гора почна во февруари минатата година кога од Србија пристигна донација од 2.000 дози од руската вакцина „спутник в“. Масовната имунизација започна на 4 мај, откако државата набави 200.000 дози од вакцината на „Синофарм“.
Во Црна Гора досега пристигнале околу милион дози вакцини. Вакцините од седум производители им беа достапни на граѓаните изминатава година.
Сепак, интересот за вакцинација сè уште не е на ниво на развиените европски и некои земји од регионот.
До вчера првата доза ја примиле 286.972 лица или 46,3 отсто, а втората 277.718 или 44,8 отсто од вкупното население. Според Институтот за јавно здравје, 89.310 лица примиле трета или бустер-доза во Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик повторно ја поддржа руската агресија врз Украина: „Праведна борба“
Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, денес отворено ја поддржа руската агресија врз Украина, опишувајќи ја како „праведна борба“.
Придружувајќи се на бројните коментари по повод четвртата годишнина од рускиот напад врз Украина, Додик ја бранеше позицијата на Москва и ја оправда агресијата во објава на социјалната мрежа X, користејќи формулации за карактерот на таа војна што доаѓаат од арсеналот на руската пропаганда.
„На денот кога се одбележуваат четири години од почетокот на специјалната воена операција на Руската Федерација, нашата посветеност останува иста: поддршка на праведните цели на Русија и нејзините напори да ги заштити своите интереси и народот во Украина“, напиша Додик, кој во минатото постојано заземаше проруски позиции и ја обвинуваше Украина за војната.
Тој сега додаде дека Русија покажала доволно волја да го реши проблемот „преку дијалог и договор“, а кога тоа не успеало, рече тој, морала да прибегне кон сила за да ги обезбеди своите граници и територија.
Додик, исто така, го пофали рускиот претседател Владимир Путин, пишувајќи дека неговата решителност „го вратила статусот на суперсила на Русија, решена да не дозволи да биде загрозен ниту еден државен или национален интерес“.
Откако администрацијата на Доналд Трамп ги укина санкциите врз него минатата година, Додик почна да се фали со своите одлични односи со Вашингтон и неговата подготвеност да соработува со САД, но нагласи дека сè уште ја гледа Русија како клучен стратешки партнер.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.
Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.
Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.
„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.
„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.
Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.
Никад у бољој форми. pic.twitter.com/Vh2A3e3E3v
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 22, 2026
Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.

