Свет
СЗО: Подваријантата на омикрон е откриена во 57 земји
Подваријантата на омикрон, која, според некои истражувања, би можела да биде позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот, е откриена во 57 земји, објави Светската здравствена организација.
Омикрон-сојот, кој бргу се шири и мутира, стана доминантна во светот откога првпат беше откриен во Јужна Африка пред десет недели, пренесуваат агенциите.
СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен објаснува дека овој нов сој, кој сочинува 93 отсто од сите примероци на коронавирус собрани изминатиот месец, има неколку подваријанти: БA.1, БA.1.1, БA.2 и БA.3.
Подваријантите БA.1 и Б.1.1, првите идентификувани верзии, сега сочинуваат повеќе од 96 проценти од омикронските секвенци внесени во глобалната база на податоци GISAID.
Но, забележано е очигледно зголемување на бројот на субваријантни случаи БA.2, кои носат повеќе мутации од оригиналната верзија, особено на шилестиот протеин на површината на вирусот неопходен за влез во човечките клетки.
„Секвенците означени со БA.2 се внесени во GISAID до денес од 57 земји“, посочува СЗО додавајќи дека во некои земји оваа подваријанта сега опфаќа повеќе од половина од омикронските секвенци.
СЗО соопшти дека досега малку се знаело за разликите меѓу подваријантите и повика на истражување на карактеристиките на вирусот, особено неговата заразност, неговата способност да ги избегне протеините на имунолошкиот систем и неговата вирулентност.
Неколку неодамнешни студии покажаа дека подваријантата БA.2 е позаразна од оригиналниот омикрон-сој.
Марија ван Керхове, една од главните експерти на СЗО за Ковид-19, рече дека сè уште има малку информации за подваријантите, но дека некои првични податоци покажале дека БA.2 има малку зголемена стапка на раст во споредба со БA.1.
Омикрон главно предизвикува поблаги форми на болеста од претходните варијанти на коронавирусот, а Ван Керхове рече дека досега ништо не покажало дека подваријантата БА.2 би била поопасна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во нападот врз Бејрут најмалку 12 лица загинале, а 66 се повредени
Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 12 лица загинале а 66 се повредени, од кои девет се во критична состојба, во денешниот изралески напад врз Бејрут.
Вчерашниот израелски напад врз Бејрут следеше откако Хезболах истрела ракети на северот на Израел и во време кога се очекува одмазда во тој регион, бидејќи лидерот на таа шиитска организација Хасан Насрала се закани за овонеделните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.
Јужните предградија на Бејрут биле нападнати за време на сообраќајниот метеж, кога вработените се враќале од работа, а учениците од училиште.
Свет
Бројот на бегалци во Германија годинава достигна нов врв
Бројот на бегалци кои живеат во Германија годинава достигна нов врв, покажуваат денешните владини податоци, пренесува Дојче веле.
Околу 3,48 милиони бегалци со различни видови дозволи за престој живееле во Германија на крајот на јуни 2024 година, што е за приближно 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година.
Една третина од овие бегалци дошле од Украина.
Бројката вклучува и некои поединци кои се обврзани да ја напуштат Германија, но остануваат во земјата под политика на толеранција која опфаќа низа ситуации, како што се болест, недостаток на документи за идентификација или луѓе чии деца имаат дозвола за престој.
Статистиката беше дадена како одговор на барањето на партијата Социјалистичка левица во парламентот и првпат беше објавена од Ној Оснабрикер Цајтунг.
Свет
Лавров: Русија не сака ескалација, но западните политичари се однесуваат како деца
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија не сака да ги ескалира тензиите со западните земји, но дека, како што наведе, „политичарите на овие земји се однесуваат како деца“.
„Не сакаме ескалација. Се чини дека западните политичари навистина имаат менталитет на дете, иако како возрасни заземаат одговорни позиции: министри, премиери, канцелари, претседатели“, рече Лавров.
Лавров нагласи дека неколку месеци во светот се разговара за тоа како Русија наводно само се заканува и зборува за „црвени линии“.