Економија
Николовски: Со правична распределба кај вистинските земјоделци го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со заменик-министерот Трајан Димковски, денеска во Прилеп ги додели првите договори за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари за последните два јавни повика.
„Министерството ќе биде отворено за сите земјоделци, како што го отворивме во 2017 година, но и ние сѐ повеќе, секој ден, ќе бидеме на терен. Карванот на Министерството заедно со сите сектори е тука денеска во посета на Прилеп за да ги доделиме првите договори за земјоделско земјиште. Потпишани се 900 договори, тоа е огромна бројка на склучени договори со кои ќе се стави во функција земјоделско земјиште од неколку илјади хектари во целата држава, во разни региони.
Околу 500 хектари се овде во Прилеп за кои се склучени 232 договора. Првите договори имавме чест да ги доделиме денеска овде во Прилеп бидејќи овде се склучени најмногу договори. Продолжуваме со праксата земјоделското земјиште да биде ставено комплетно во функција, да биде во рацете на вистинските земјоделци и да се зголеми производството. Продолжуваме да се грижиме за земјоделците како преку креирање мерки и политики така и преку она што сме го ветиле уште во 2016 година, а тоа е да дојде земјата во вистинските раце, кај вистинските земјоделци“, изјави Николовски.
Притоа министерот посочи дека се подготвуват нови огласи и повици, се прават сите анализи за да се отворат нови можности земјоделското земјиште да биде ставено во функција на развојот и да биде помош и поддршка за земјоделските стопанства и за земјоделците од сите региони.
Николовски потенцира дека праксата на директни средби и контакти со земјоделците продолжува и понатаму за да се чујат проблемите, предлозите, идеите и размислувањата на земјоделците бидејќи тие најдобро знаат со што се соочуваат и посочи дека целта е заеднички да наоѓаме решенија и тие да се вградат во годишните програми и во политиките што ќе ги креира Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)