Регион
Британците испраќаат војска во БиХ?

Милорад Додик вели дека не е прифатлива најавата на британската амбасада во БиХ дека Велика Британија може да го зголеми своето воено присуство во таа земја.
Српскиот член на Претседателството на БиХ нагласи дека ваквата најава сигурно нема да добие поддршка од Претседателството на БиХ.
„Верувам дека постојниот контингент војници во мисијата ‘Алтеа’ е сосема доволен и дека БиХ нема предизвици за кои би биле потребни дополнителни сили“, рече тој, како што пренесуваат медиумите во Бања Лука.
Според него, ниту еден од легитимните претставници на мировната мисија во БиХ не зборувал за потребата од нејзино проширување или за загрозената безбедност во БиХ поради што не гледа причина за зголемено британско воено присуство во земјата.
„Затоа е легитимно, но и логично, да се сомневаме во намерите на Британците, кои излегоа со оваа иницијатива во изборната година“, посочи Додик. Вчера беше објавено дека британската влада разгледува начини за повторно зајакнување на воениот ангажман во БиХ.
„Иако немаме планови да го зголемиме нашето присуство во мировната операција, ние бараме начини да го зајакнеме нашиот воен ангажман во БиХ, вклучително и билатерално и преку седиштето на НАТО во Сараево“, соопшти британската амбасада во Сараево.
Според бањалучкиот „Независне новине“, од тој одговор може да се заклучи дека војниците на земјата нема да се вратат во ЕУФОР, од каде што заминаа кога стапи во сила договорот за односите со ЕУ по неговото повлекување од блокот, туку дека нивната војска ангажманот би можел да се реализира преку НАТО или со договор на Велика Британија и БиХ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.