Македонија
(Видео) Цветаноски: Градоначалникот на Радовиш ги остави децата без негувателки и врши притисок врз вработените
Повеќе од 10 дена децата во детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш се оставени без негувателска грижа поради неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничкот Ацо Ристов, рече на денешната прес- конференција Симона Цветаноски, советничка од редовите на СДСМ во Советот на Општина Радовиш.
„Јас во моментот се наоѓам пред детската градинка, објект ‘Цветови’, каде што во неа повеќе од еден дена децата се оставени без негувателска грижа, пред сѐ, најмалите деца, а тоа се јаслите. Родителите збунето и без никаква информација дадена од надлежните не знаат кој им ги згрижува децата, а ниту, пак, се запознаени дека децата на овие минусни температури се преместуваат од една во друга зграда, без никаква согласност од нивните родители. Претставниците на локалната власт, наместо да ги вратат вработените што се дома, тие се занимаваат со смени на раководни лица, кои насилно бараат од нив со писмена изјава да си дадат оставки, без притоа да бидат свесни дека овие раководни лица се со законски предвиден мандат. Потребно е сите негувателки што седат дома да се повикаат да продолжат со работата како би продолжило редовното и нормално работење во детските градинки. Потребно е ветувањето, што беше дадено од страна на градоначалникот на една од претходните седници на Советот, каде што вети дека сите негувателки што се дома ќе почнат со работа од 1.2.2022 година. Денеска сме 2.2.2022 година, сѐ уште не се повикани“, изјави Цветаноски.
ВМРО-ДПМНЕ и Ацо Ристов за 100 дена од нивното раководење сѐ уште немаат почнато, а ниту, пак, реализирано ниту еден проект од програмата што беше ветена пред граѓаните. За разлика од тоа, СДСМ за оваа ситуација до крај ќе се залага бидејќи е партија што е избрана од граѓаните и сме должни нивните проблеми да бидат решени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

